Спорт
Медиумите го поврзуваат Зидан со Ливерпул
Зинедин Зидан е без работа откако во мај 2021 година по вторпат ја напушти клупата на Реал Мадрид. Зизу од тој момент е на одмор, одбивајќи понуди од националните тимови на САД, Бразил, Алжир и неколку европски великани. Зидан гсе надеваше дека ќе ја преземе Франција, но таа можност отпадна откако актуелниот селектор, Дидие Дешан го продолжи договоротдо 2025 година.
Прашање е кога Зидан ќе и се врати на тренерската работа, а според медиумите тоа може да биде од наредната сезона. Англиските медиуми го поврзуваат Зидан со клупата на Ливерпул, откако во петокот Јирген Клоп објави дека по завршувањето на сезоната ќе си замине од „Енфилд“.
Зидан во два мандати на клупата на Реал, од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година, на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ му донесе 11 трофеи, од кои два во Примера и три врзани во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
Тони Надал, поранешниот тренер на Рафаел Надал, крена голема прашина со изјави за трката за најдобриот тенисер на сите времиња. Најчесто вујкото на Надал ги омаловажува успесите на Новак Ѓоковиќ.
Искусниот стручњак, кој ја прекина соработката со Надал во 2017 година, изјави дека Новак Ѓоковиќ постигнал се што имал, пред се затоа што за разлика од неговите ривали „не живее нормален живот“.
„Мислам дека Новак Ѓоковиќ беше мотивиран од желбата да напише приказна, да стане најдобар играч во историјата, додека Рафа, од друга страна, секогаш живеел сосема нормален живот. Рафа игра тенис, но живее нормално, јаде, игра фудбал и се занимава со други активности Се сеќавам на еден тренинг кога неговиот менаџер ни кажа дека Рафа не е професионален, а мојот одговор беше дека не ни сакам да биде, туку дека е доволно што дава се од себе кога е на теренот и дека во слободното време може да живее како и секој друг маж“, вели Тони.
Според него, Новак бил далеку повеќе фокусиран на деталите, поради што толку долго е во самиот врв на светскиот тенис.
„За разлика од Рафа, Новак е многу внимателен што јаде, како го поминува слободното време и има сосема поинаква визија од Рафа и Роџер. На крајот, сите тројца сакаа да бидат најдобри досега, а најважното нешто во тоа приказната беше колку се спремни да се жртвуваат“, заклучи искусниот тренер.
Спорт
Почина легендарниот Аргентинец, Цезар Луис Меноти
Аргентинскиот фудбалски тренер Цезар Луис Меноти почина на 85-годишна возраст, соопшти аргентинскиот фудбалски сојуз.
Меноти, познат и како „Ел Флако“ (Слабиот), го освои Светското првенство во фудбал во 1978 година како селектор на Аргентина.
Роден е во градот Росарио, а најголемиот дел од својата кариера го помина во истоимениот клуб. Играше и за Бока Јуниорс.
Како тренер, меѓу другите ги водеше Њуелс Олд Бојс од Росарио, Бока Јуниорс, Ривер Плата, Атлетико Мадрид, Барселона и Индепендиенте, а покрај сениорскиот тим беше селектор и на аргентинската репрезентација под 20 години, како и Мексико.
Меноти последниот месец го помина во болница поради анемија.
Шпанска „Марка“, наведува дека Меноти како тренер ја пропагирал идејата за фудбалот како уметнички израз, наспроти „биладиризмот“, кој го имплементирал аргентинскиот тренер Карлос Билардо, а кој вклучувал користење на сите достапни сегменти од играта за да се постигне победа по секоја цена.
Спорт
Ферстапен за Норис: Ова нема да биде неговата последна победа
Втор пат во 2024 година, Макс Ферстапен не триумфираше на една од трките во Формула 1 шампионатот Холанѓанецот мораше да се откаже во Австралија поради проблеми со сопирачките (победи Карлос Саинц), а во неделата вечерта во Мајами, шампионот беше поразен од Британецот Ландо Норис.
Норис ја постигна првата победа во својата 110. трка во кариерата, а по тој повод зборуваше и Ферстапен.
„Понекогаш победуваш, а понекогаш губиш. Сите сме навикнати на тоа во тркачкиот свет, нели? Денеска ми беше малку проблематично. Дури и на мидиум пневматиците не се чувствував удобно. Правевме предност но не на востонски начин. Кога слушнав како Мекларен поминува во боксот, помислив: „Леле, тоа е навистина брзо“. Тој леташе. Тој дел беше навистина тежок за нас“, изјави Макс Ферстапен по трката.
„Многу сум среќен за Ландо. Долго чекаше на оваа победа, а нема да му биде последна. Дефинитивно го заслужи триумфот“, изјави актуелниот шампион во Формула 1.
На прашањето дали оваа трка е одраз на вистинската брзина на надградениот болид на Мекларен, Ферстапен одговори:
„Се надевам дека не!
Во генералниот поредок води Верстапен со 136 бодови, пред Перез со 101, додека Леклер е трет со 98.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Емилија Ромања на патеката „Енцо и Дино Ферари“ од 17 до 19 мај.