Спорт
Медведев без проблеми го мина првото коло

Рускиот тенисер Данил Медведев успешно го почна настапот на Австралија опен. Медведев во првото коло со максимален резултат го победи Швајцарецот Хенри Лаксонен.
Медведев за еден час и 57 минути забележа победа 6/1, 6/4, 7/6.
Вториот носител во првиот сет двапати му го одзеде сервисот на противникот и лесно го реши овој период од мечот. Во вториот направи еден брејк, во петтиот гем, и го освои вториот сет.
Лаксонен голем отпор даде во третиот сет, но не успеа да му се спротивстави на фаворитот во тај-брејкот.
Медведев во второто коло ќе игра против Ник Кирјос или Лијам Броди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зидан не сака да го преземе ПСЖ

Францускиот стратег Зинедин Зидан одбива да седне на кормилото на Пари Сен Жермен, пренесува „Телефут“. Легендата на францускиот фудбал е прв избор за наследник на Покетино, но Зидан, сепак, ја одбил понудата на раководството на „светците“.
Откако ги разрешија дилемите со Килијан Мбапе, кој потпиша нов тригодишен договор, сега ќе се посветат кон избор на нов тренер. Исто така, досегашниот спортски директор Леонардо доби отказ и се чека официјална потврда, а како негов наследник се споменува Луис Кампос.
Спорт
Наполи одбил 90 милиони евра од Арсенал за Осимен

Наполи одбил да го продаде напаѓачот Виктор Осимен на Арсенал, откриваат италијанските медиуми. Раководството на „наполитанците“ ја одбило понудата на англискиот клуб во висина од 90 милиони евра.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис процени дека 23-годишниот Нигериец вреди 110 милиони евра.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да привлече двајца напаѓачи во својот тим откако Пјер-Емерик Обамејанг си замина во јануари, а најверојатно по завршувањето на сезоната клубот ќе го напушти и Александре Лаказет. Иднината на Еди Нкетија е исто така неизвесна.
Спорт
Наполи со триумф против Специја го заврши шампионатот во Серија А

Наполи беше убедлив на гостувањето кај Специја, победи со 0:3 и на убав начин ја заокружи сезоната во Серија А. Тимот на Елиф Елмас не успеа во трката за титулата, но, сепак, успеа да оствари пласман во Лигата на шампионите.
Матео Политано во четвртата минута донесе предност, а Пјотр Зиелински во 25.минута зголеми на 0:2. Диего Деме беше стрелец на третиот гол за „наполитанците“ во 36.минута од мечот.