Спорт
Медведев не се шегува, без загубен сет оди на Надал!
Русинот Данил Медведев ја продолжи својата фантастична форма во финишот на сезоната, победувајќи го лесно со 6:3/6:3 Аргентинецот Диего Шварцман во последниот меч по групи на АТП финалето во Лондон.
Со оваа победа, Русинот го потврди првото место во својата група, и тоа импресивно без загубен сет, откако претходно ги „преслуша“ и Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев. Во првиот сет, светскиот број 4 направи два брејка, пред дебитантот на турнирот, Шварцман да пружи поголем отпор на стартот на вториот, но Русинот повторно најмалку грешеше кога беше најпотребно.
Сега, за него следува дуел со Рафаел Надал, освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, во кој влегува со 0-3 скор против Шпанецот. Во второто полуфинале во „О2 арената“, Новак Ѓоковиќ ќе игра со Доминик Тим.
A decisive win before a semifinal showdown with Rafael Nadal. ?
?: @TennisTV | @DaniilMedwed pic.twitter.com/Fw9ejS8200
— US Open Tennis (@usopen) November 20, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конте ќе стане тренер со најголема плата во Серија А
Во моментот кога ќе го потпише договорот со Наполи, италијанските медиуми пишуваат дека Антонио Конте ќе стане најплатениот тренер во Серија А. Иако не е објавена точната сума на неговата плата, овие извор шпекулираат со сума меѓу осум и девет милиони евра.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Конте ја добил понудата, додека „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“ тврдат дека треба да се решат само ситни детали пред двете страни да ја официјализираат соработката.
Наводно, единствено се уште непознато е дали Конте ќе потпише договор на три или две години, односно 3+1 или 2+1.
Најплатен тренер во Италија е Симоне Инзаги од Интер. Тренерот на актуелниот шампион Интер има годишна плата од 5,5 милиони евра.
Спорт
Азар: Имам пријател во Комо, тој може да биде тренер на Челси
Еден Азар, поранешен играч на Реал, Челзи и Лил, знае кој треба да биде нов тренер на Челси. „Сините“ минатата недела останаа без тренер, откако клупските челници спогодбено се разделија со Маурицио Покетино.
Азар, кој го најдобрите години во кариерата ги мина во Челси, чии дрес го носеше од 2012 до 2019 година, има интересен предлог.
На прашањето дали на клупата гледа менаџер како Роберто де Зерби, тој одговори дека има подобар предлог.
„Можеби. Имам пријател во Комо. Тој може да биде менаџер“, рече Азар.
Во Комо е Сеск Фабрегас, добра пријател на Азар со кого ја делеа соблекувалната во Челси.
Последните две години од кариерата Шпанецот ги помина во Комо пред да се пензионира во 2023 година.
Тој стана в.д. тренер во ноември минатата година по отказот на Морен Лонг, а кога клубот го ангажираше Осијано Робертс беше именуван за негов помошник.
Комо минатиот месец се врати во Серија А.
Инаку, според медиумите кандидат за тренер на Челси се Роберто де Зерби екс тренерот на Брајтон, тренерот на Лестер Енцо Мареска, Киеран Мекена менаџерот на Ипсвич и актуелниот менаџер на Брентфорд, Томас Франк.
Спорт
Струга ги дозна можните противници во првото квалификациско коло во ЛШ
Фото/ facebook.com/Fcstruga
Македонскиот шампион Струга Трим Лум, сезоната 2024/2025 ќе ја започне во квалификациите во Лигата на шмпионите.
Струга ќе стартува во првото коло, заедно со уште 29 други екипи. Македонскиот шампион, според рејтингот што го има на УЕФА листата, на ждрепката ќе биде во групата неносители.
Посакувани ривали во групата носители би биле: Флора Талин (Естонија), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ТНС (Велс), Пјуник (Ерменија)…
На ждрепката апослутно непосакувани ривали за Струга би биле Ференцварош, Карабаг, Лудогорец, Слован Братислава, ФЦСБ (поранешна Стеауа).
Можни противници на Струга:
Ференцварош (Унгарија), Карабаг (Азербејџан), Слован Братислава (Словачка), Лудогорец (Бугарија), ХЈК (Финска), Флора Талин (Естонија), ФЦСБ (Романија), КИ Клаксвик (Фарски Острови), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ТНС (Велс), Пјуник (Ерменија), РФС Рига (Летонија), Петрокуб (Молдавија), Балкани (Косово).