Спорт
Медведев загуби сет од Креси, Оже-Алијасим го победи Чилиќ

Данил Медведев избори четврт-финале на Австралија опен. Минатогодишниот финалист, за пласман во полуфиналето ќе игра против Феликс Оже-Алијасим.
Медведев се мачеше и нервираше речи три и пол часа против Американецот Максим Креси (70. на АТП-листата).
Рускиот тенисер на крајот победи со 6/2, 7/6, 6/7, 7/5.
Медведев тешко се прилагоди на серви-волеј играта која ја форсира Креси. Во моментот кога Американецот го освои третиот сет и намали на 2:1, се слушна извикот на Медведев.
„Ова е досадно“.
Медведев во четврт-финалето ќе се соочи со Феликс Оже-Алијасим. Канаѓанецот славеше победа над ветеранот Марин Чилиќ 2/6, 7/6, 6/2, 7/6.
Клучниот момент во мечот се случи во финишот на вториот сет, прит водство на Чилиќ од 1:0 во сетови, Канаѓанецот успеа да спаси сет топка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Батлер броеше до 47 – Мајами и Бостон ќе играат мајсторка

Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 111:103 во шестиот натпревар од финалето на Источната конференција. Мајами со оваа победа избегна елиминација и пред своите навивачи го обезбеди седмиот натпревар каде ќе се обиде да се пласира во финалето на НБА.
Натпреварот го одбележа маестралниот Џими Батлер. Најдобриот играч на Мајами Хит постигна 47 поени, што е негов рекорд во кариерата кога е во прашање плеј-офот.
Покрај тие 47 поени, Батлер одлично ги пополни и другите статистички колони – имаше девет скока, осум асистенции и четири украдени топки, со одличен шут од игра, 16/29.
Конечно, еден натпревар од оваа серија беше неизвесен до самиот крај, вистинскиот интензитет на плејофот беше присутен од почетокот до крајот, иако на крајот од третиот период се чинеше дека Мајами ќе успее да стекне убедлива и недостижна предност.
Бостон поведе во последната четвртина, но Мајами го врати водството и го заврши натпреварот во своја полза.
Уште еднаш треба да се истакне феноменалниот Батлер кој во четвртата четвртина постигна 17 поени.
Покрај Батлер се истакна Кајл Лари со 18 поени и десет асистенции, како и Макс Струс кој мечот го заврши со 13 поени.
На другата страна најдобар беше Џејсон Тејтум со 30 поени, девет скока и четири асистенции.
Џејлен Браун постигна 20 поени, но направи и прекршок во нападот, кој можеби го реши прашањето за победникот на овој меч.
Дерик Вајт постигна 22 поени, а Маркус Смарт 14.
Седум натпревари се играат во Мајами, в недела во 2:30 часот по средно-европско време.
Победникот од оваа серија во големото финале за титулата ќе се бори против Голден стејт Вориорс.
Спорт
Берлускони демантира дека ја продава Монца за да купи акции во Милан

Поранешниот италијански премиер, бизнисменот Силвио Берлускони преку соопштение ги демантираше италијанските медиуми кои тврдеа дека е подготвен да ја продаде Монца за да се врати како делумен сопственик на својот стар клуб, Милан.
Шпекулациите се појавија пред клучниот меч на Монца за влез во Серија А, каде што во баражот во сабота играат со Пиза. Монца победи во првиот меч со 2:1.
„Приказната за продажба на Монца за да добијам дел од акциите на Милан е целосно неоснована. Монца не е на продажба, а сега ни е потребна крајна концентрација за неделното финале“, напиша Берлускони на Твитер.
Берлускони беше газда на Милан повеќе од 30 години, од февруари 1986 до април 2017 година, кога го продаде клубот на кинескиот милијардер Јонгхонг Ли. Во тој период, Милан освои пет европски титули, осум трофеи о Серија А и шест трофеи од Копа Италија. По ова, тој го купи малиот клуб Монца, и успеа да го крене од Серија Ц во Серија Б, заедно со поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани.
La notizia della vendita del Monza per l’acquisto di una quota del Milan è destituita di fondamento. Il Monza non è in vendita. Adesso c’è bisogno della massima concentrazione per la finalissima di domenica sera. https://t.co/vwOcoE5eEm
— Silvio Berlusconi (@berlusconi) May 27, 2022
Спорт
Лаутаро и Мартинез лути на Мбапе за потценувањето на јужноамериканскиот фудбал

Ѕвездата на Интер, Аргентинецот Лаутаро Мартинез признава дека не бил импресиониран од изјавата на Килијан Мбапе околу споредбата на европскиот и јужноамерикански фудбал.
Пред Светското првенство во Катар во ноември, ѕвездата на ПСЖ изјави дека европските репрезентации имаат значителна предност пред јужноамериканските репрезентации.
„Аргентина нема одиграно мечеви со голем квалитет да стигне до Мундијалот. Во Јужна Америка фудбалот не е толку развиен како во Европа. Затоа на последните Светски првенства победуваат европските репрезентации“, изјави Мбапе.
Лаутаро не се согласува.
„Мнозинството од нашата репрезентација ја сочинуваат фудбалери од Европа и секогаш работиме на највисоко ниво. Задоволни сме од нашата работа. Видов што кажа Мбапе, но треба да сфати дека Аргентина и Бразил имаат големи фудбалери со неверојатен талент. Бразил, исто како нас, има многу фудбалери во Европа, така што коментарот не беше фер“, изјави Лаутаро.
Голманот на Астон вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез се согласува.
„Боливиј во Ла Паз, Еквадор со жештина од степени, Колумбија, каде што едвај се дише… Во Европа играат на совршени терени и немаат поим за Јужна Америка. Кога ние одиме на тренинг со репрезентацијата имаме два дена патување. Кога англиски фудбалер ои со репрезентацијата, тој е таму за половина час. Нека одат во Колумбија и Еквадор да видат колку е лесно“, коментираше Мартинез.