Контакт

Спорт

Мегаломанските барања ќе му ја уништат кариерата

Објавено пред

Алчноста на Адриен Рабио и неговата мајка, која е негов менаџер, може да му ја уништи кариерата на овој талентиран фудбалер. Рабио шест месеци е надвор од натпреварувачкиот ритам откако ПСЖ го исфрли од тимот бидејќи не отстапи од намерата да го напушти Париз.

Рабио во летниот преоден рок одби да го продолжи договорот со ПСЖ за да може по завршувањето на сезоната како слободен играч да го напушти клубот.

Долго време се шпекулира дека неговиот трансфер во Барселона е завршена работа, но поради преголемите апетити, Барса се повлече од преговорите. Се шпекулира дека Барселона му понудила годишна плата од 10 милиони евра, но госпоѓата Рабио барала цели 15 милиони евра за својот син.

Кога им пропадна трансферот со Барселона, синот и мајката се свртеле кон Јувентус и ги намалиле финансиските барања. Француските медиуми пишуваат дека сега Рабио и неговата мајка се согласиле на 10 милиони евра годишна плата, но во Јувентус немаале намера да им ги дадат тие пари.

Наводно, госпоѓата Рабио побарала нејзиниот син да заработува двојно повеќе од Марио Манџукиќ. Хрватот неодамна го продолжи договорот и доби годишна плата од пет милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Барса доби в.д. претседател

Објавено пред

Барселона го назначи Карлос Тускетс за в.д претседател. Тускет на оваа функција ќе биде во наредните месеци. На почетокот на наредната година треба да се одржат изборите кога клубот ќе добие ново раководство. Барселона вчера остана без претседател откако Џозеп Марија Бартомеу поднесе оставка.

Тускетс е основач на банката ФИБАНК, која сега го носи името Банко Медионалум. Тој е сопственик на вкупно 56 компании.

Долго време се шпекулираше дека тој ќе се кандидира за изборите, но досега нема поднесено кандидатура.

Познат е како голем критичар на работата на претходниот претседател и неговите соработници.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нема договор помеѓу Баерн и Алаба

Објавено пред

Уште една рунда од преговорите на релација Баерн Минхен-Давид Алаба завршила неуспешно. Според „Бил“, преговорите се одржале минатата недела. Договорот на Алаба со Баерн истекува по завршувањето на сезоната, според правилот Босман, тој во јануари ќе може да стапи во преговори со други клубови.

Плата на Алаба и провизијата за менаџерот Пини Захави ги прават преговорите неуспешни.

Алаба, од клубот, бара речиси 400.000 евра неделна плата, а менаџерот како провизија, доколку Алаба го продолжи договорот, сака да извлече од Баерн 20.000.000 евра.

Давид Алаба е играч на Баерн од 2008 година. Медиумите шпекулираат дека интерес за него има кај Барселона, Реал, Манчестер сити и Јувентус.

Прикажи повеќе...

Спорт

Суперлигата ќе почне во 2022 година со 18 екипи

Објавено пред

Суперлигата ќе стане реалност во 2022 година. Идејата е најдобрите или најбогатите европски клубови, по урнекот на НБА, да се натпреваруваат во една лига. Финансиската конструкција би изнесувала 6.000.000.000 долари. Парите треба да ги обезбеди американската банка „Џеј Пи Морган“. Поради тоа, идејата за едно вакво натпреварување потекнала од Ливерпул и Манчестер јунајтед, клубови чии сопственици се Американци.

Дека Суперлигата е реалност, потврди синоќа и Џозеп Марија Бартомеу. Тој вчера си поднесе оставка на претседателската функција во Барселона, а на заминување изјавил дека го пријавил клубот за новото натпреварување.

Идејата е во Суперлигата да учествуваат 18 екипи, по четири од Англија, Шпанија и Италија и по три од Франција и Германија.

Покрај Манчестер јнунајтед и Ливерпул, од Англија би учествувале Челси и Манчестер сити, а на своите места ќе чекаат Тотенхем и Арсенал.

Кандидати од Шпанија се Барселона, Реал, Атлетико и Севилја, а од Италија се шпекулира со имињата на Јувентус, Интер, Милан и на Наполи.

Покрај ПСЖ, Франција би ја преставувале Марсеј и Лион, од Германија сигурни се Баерн и Борусија Дортмунд.

Формирањето една ваква лига во целост би ја урнала Лигата на шампионите поради што првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, рекол дека тоа би било себично натпреварување, кое не ги почитува фудбалските вредности.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

МОН го повлече учебникот по Македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „...

Македонија1 час

Пауновски: Нови вработувања ќе има следната година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека следната година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија2 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија2 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија2 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија3 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија4 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет4 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија5 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет6 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија7 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет7 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет7 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет7 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа7 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет18 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија19 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа20 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија21 час

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија22 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Досие