Спорт
Мегваер пуштен да се брани од слобода
Хари Мегваер со кауција е пуштен да се брани од слобода откако две ноќи мина во притвор во полициската станица на грчкиот остров Миконос. Капитенот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед и уште двајца негови пријатели беа уапсени поради учество во тепачка. Денес тие дале исказ пред судијата соседниот остров Сирос.
Мегваер и неговите двајца пријатели потоа биле пуштени да се бранат од слобода, а судењето е закажано за три дена. Тие се обвинети за нанесување на телесни повреди, навреда на службено лице и обид за поткуп на полицајците.
Според англиските медиуми тие ќе бидат гонети прекршочно, а не кривично и веројатно нема да завршат в затвор, туку ќе минат со парични казни.
„По денешното појавување пред судот постапката е одложена за да може правниот тим да го разгледа случајот. Хари се изјаснил дека не е виновен. Би било непримерно кога фудбалерот и клубот би го коментирале случајот додека е во тек правната постапка“, објави Манчестер Јунајтед.
„Ја нападнале неговата сестра и го провоцирале со „Ф.к Јунајтед“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда ја продолжи победничката низа, го декласира Панатинаикос во Белград
Кошаракарите на Црвена звезда ја запишаа седмата последовна победа во Евролигата. На отворањето на деветтото коло, во Белград, Црвена звезда го декласира Панатинаикос со 86:68 (20:12, 26:20, 21:8, 19:28)
.
Црвена звезда го надигра европскиот првак од пред две сезони и го изедначи клупскиот рекорд од седум последователни победи во Евролигата.
32.минути црвено-белите доминираа во нападот и одбраната, славеа со 18 разлика со само три погодени троки од 22 обиди.
Домашните „лета“ по теренот 32 минути кога стекнаа предност од 28 поени. Тука застанаа, Панатинаикос го искористи тоа со серија тројки се доближи на негатива од 13 поени, но поблиску од тоа не можеа.
До победата Црвена звезда ја предводеа Мекинтаер со 14 поени, 9 скока и 7 асистенции, Монеке забележа 14 поени и 8 скока, Добриќ 10 поени. Кај Панатинаикос се истакнаа Слукас со 16 поени (10 од нив во последната четвртина) и Осман со 14.
Главниот играч на Панатинаикос, Кендик Нан одигра скандалозен меч, постигна шест поени имаше и нереални седум изгубени топки. Кога го напушти теренот поради петтиот фаул, публиката иронично му скандираше „MВП, MВП“ алудирајќи на наградата за минатата сезона.
Спорт
(Видео) Само бод за Челзи во Карабаг, Пафос го шокира Виљареал
Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2).
Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар за Пафос, од четири, во кој не прими гол(Олимпијакос, Каират, Виљареал).
Доживеаја само пораз од Баерн (1:5).
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Холанѓанецот Дерик Лукасен во 47-та минута кога авторитативно скокна на првата статива и ја затресе мрежата на гостите.
Резултатите на Карабаг во Лигата на шампионите веќе не се изненадување. На домашен терен шампионот на Азербејџан одигра 2:2 со Челзи.
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска ротираше во тимот и тоа скапо го плати. Млафиот Холанѓанец Хато им подари два гола на противниците.
Естевао постигна убав гол во 16-та минута, но до 39-та Карабаг направи пресврт. Леандро Андраде изедначи во 29-та по киксот на Хато, а десет минути подоцна 19-годишниот Холанѓанец направви пенал. Стрелец од белата точка беше репрезентативецот на Црна Гора, Јанковиќ.
Бод на Челзи му обезбеди Гарначо во 53-та минута.
Спорт
Бекер: Очигледно е кој е „ГОАТ“
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за трката за најдобар играч на сите времиња, во која главните улоги ги играат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Бекер нема сомнение дека Новак Ѓоковиќ заслужува да биде наречен „ГОАТ“.
„Тој заслужува почит. Отсекогаш го заслужувал тоа. Ако игра уште една или две години, ќе стане најпопуларниот тенисер на сите времиња. Бидејќи колку подолго игра, луѓето ќе разберат што всушност е Новак“, рече Бекер и додаде:
„Новак Ѓоковиќ е најдобриот во историјата, тоа е очигледно.“
Бекер беше тренер на Новак Ѓоковиќ во еден период, од декември 2013 до истиот месец 2016 година.

