Спорт
Мејведер навистина мисли да се бори со Хабиб и Конор во ист ден!
Чичкото на Флојд Мејведер Јуниор, Џеф Мејведер, потврди дека неговиот внук планира да се бори со УФЦ двојката Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов во ист ден во историска пресметка која би донела милиони за тројцата борци.
„Флојд ја разгледува можноста да се бори со Мекгрегор и Хабиб во ист ден, што лесно може да се оствари. Веќе имаше преговори со претседателот на УФЦ, Дејна Вајт за овој договор. Флојд е пензиониран и веќе не е на врвот на неговиот спорт, но лесно ќе ги победи двајцата – еден наутро, еден навечер. Двоен пеј-пер-вју, многу скапо. Ќе го нокаутира Конор прво, а потоа и Хабиб. Флојд секогаш планира работи и зошто би се пензионирал. Зошто да не им ги земе парите? Нема да го допрат“, вели Џеф Мејведер.
Самиот Мејведер минатата недела најави дека е отворен за идејата за римеч со Мекгрегор, но и меч со Хабиб. 42-годишниот Американец ги зголеми шпекулациите со своите постови на социјалните мрежи, откако на Инстаграм најави „Мејведер-Мекгрегор 2, 2020“. Дејна Вајт не ја крие желбата да обезбеди втор меч Мејведер-Мекгрегор, откако првиот меч беше еден од најбогатите во историјата, а самиот Мејведер со нокаут во 10-тата рунда заработи 100 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.