Спорт
Мекинро: Ова ќе го удри тешко, Ѓоковиќ толку многу работеше да биде сакан

Американската тениска легенда, Џон Мекинро вели дека Новак Ѓоковиќ тешко ќе се „опорави“ од скандалот околу неговото депортирање од Австралија неколку дена пред да ја почне одбраната на титулата од Мелбурн, бидејќи светскиот број 1 работел многу напорно на подобрување на својот имиџ.
Сега постојат многу прашања дали тој ќе може да го продолжи „походот“ кон 21. гренд слем титула, откако Франција најави дека нема да прима невакцинирани тенисери на Ролан Гарос на следниот гренд слем, а иако може да влезе во Англија за Вимблдон, турнирот уште не ги потврдил барањата за вакцинација.
„Нема прашање дека ова ќе го удри тешко. Сега има несигурност околу Франција опен, таму ќе мора да се вакцинира, а што е со Вимблдон? Не му е грижа за другите мали турнири, и ова е несреќна ситуација за човек кој работеше толку напорно да биде сакан. Тешко е да те сакаат и јас добро знам како е кога луѓето се против тебе. Кога загуби од Данил Медведев на САД опен, кажа дека најмногу ја ценел реакцијата на публиката. Во Австралија го сакаа најмногу, а таму не му дадоа да игра. Не знам што ќе се случи во иднина. Тој е ментално најсилниот тенисер, но сега си направи тешкотии со тоа што не се вакцинираше“, вели Мекинро во интервју за „Јуроспорт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тепачка меѓу навивачи на „Хајдук“ со полицијата на автопатот кај Загреб, имало и повредени

Синоќа навивачите на Хајдук се судрија со полицијата на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец, пренесуваат хрватските медиуми.
Според написите, за време на организираната парада околу 1.600 навивачи на Хајдук во автобуси, комбиња и автомобили од натпреварот во Загреб, застанале на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец и на тој начин ги блокирале сите ленти на автопатот во правец на Карловац.
Потоа, непочитувајќи ги предупредувањата и наредбите од полицијата, голем дел од нив, како што пишува во написите, со физичка сила и предмети погодни за нанесување повреди, нападнале полицајци од повеќе полициски одделенија кои ги придружувале, известила синоќа загрепската полиција.
Одбивајќи го нападот, полицијата возвратила со огнено оружје при што биле ранети двајца напаѓачи, а во нападот биле повредени десетина полицајци, пишуваат хрватските портали.
На социјалните мрежи се појави видео за кое се вели дека е направено синоќа за време на конфликтот. На него, како што пишуваат хрватските портали, се гледа како полицаец тепа навивач со палка додека тој влегува во автомобилот.
Во соопштението на полицијата се наведува дека во 21.35 часот околу 1.600 навивачи на ХНК Хајдук во автобуси, комбиња и лични автомобили од натпреварот во Загреб, самоиницијативно застанале на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец, со што ги блокирале сите ленти во правец на Карловац, а потоа, игнорирајќи ги нивните предупредувања и наредби, „неколку стотини од нив со физичка сила и предмети погодни за нанесување повреди нападнале полициски службеници од повеќе полициски одделенија кои ги следеле“, се вели во соопштението на полицијата.
„Полициските службеници употребија средства за присилба, вклучително и огнено оружје, за да го одбијат нападот врз неколку лица, по што надгледуваниот конвој повторно беше ставен под надзор. Во тек е идентификација и приведување на осомничени за кривични дела и прекршоци. Засега е утврдено дека две лица кои биле директно инволвирани во нападот врз полицајци се ранети, најверојатно од огнено оружје, а повредени се десетина полицајци. Сите повредени се надвор од животна опасност“, било наведено во соопштението.
„При контрола на настанот сообраќајот на таа делница од автопатот е затворен и пренасочен на алтернативни правци. Во тек е истрага и кривична истрага“, констатира полицијата.
N1 Загреб известува дека и утринава е затворен за сообраќај делот од автопатот Загреб-Сплит-Плоче каде се случил инцидентот.
Спорт
Македонија очекува нов медал во таеквондо: Дејан Георгиевски прв носител на Европското првенство

„Сребрениот“ олимпиец Дејан Георгиевски денеска го очекува нов настап на големо натпреварување во таеквондо. Тој денеска ќе настапи Европското првенство кое се одржува во Манчестер, Англија.
Освојувачот на олимпиското сребро лани во Токио е прв носител на турнирот и Македонија со право од него очекува нов медал.
Македонскиот таеквондост е слободен во првото коло и ќе започне со борби од четвртфиналната фаза во категоријата над 87 кг. Дејан Георгиевски ќе налета на подобриот од дуелот меѓу Милош Пилиповиќ (Норвешка) и Паско Божиќ (Хрватска).
Спорт
Бобан Николов со Шериф Тираспол го освои и Купот на Молдавија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, кој е член на Шериф Тираспол, освои двојна круна во Молдавија.
По освојувањето на шампионскиот пехар, синоќа Шериф Тираспол стигна и до трофејот во Купот на Молдавија.
Во финалето на Купот, Шериф Тираспол со 1:0 го совлада тимот на Ст. Георге и ја потврди доминацијата во молдавскиот фудбал. Бобан Николов на овој натпревар остана на клупата за резерви.