Спорт
Рангник: Роналдо ме праша зошто не некој од помладите, пет минути помладите дадоа гол

Преодниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник објасни како точно течел разговорот со Кристијано Роналдо по неговата замена на мечот со Брентфорд, кога Португалецот беше јасно бесен што беше повлечен од игра.
Роналдо излезе во 71. минута од мечот, во моменти кога Јунајтед водеа со 0:2, и 36-годишниот ветеран се објаснуваше со тренерот, пред да седне на скалите очигледно разочаран. Германецот откри што точно му кажал во разговорот.
„Работата на фудбалски менаџер е да се помогне да се стигне до победа, и за мене беше јасно по искуството на ‘Вила парк’, каде што одигравме 2:2 откако водевме со 0:2 дека морам да сменам некого. Кристијано е голгетер и играч кој секогаш сака да игра и да дава голови. Тој ме праша: ‘Зошто јас, не некој од помладите?’. Па, пет минути подоцна дојде одговорот, кога еден од помладите го постигна третиот гол. Можеби Кристијано исто така ќе дадеше гол, но фудбалот не е секогаш ‘можеби’, туку треба да се направи одлука веднаш“, вели Рангник.
Cristiano Ronaldo & Ralf Rangnick. 👀pic.twitter.com/eFqCpzPqoE
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) January 19, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пеналите среќни за РБ Лајпциг – „Биковите“ го освоија Купот на Германија

РБ Лајпциг неодамна го прослави 13.роденден, а вечерва го слави првиот трофеј во клупската историја. РБ Лајпциг, по избедувањето на пенали го победи Фрајбург и го освои Купот на Германија.
На Олимпискиот стадион во Берлин, Фрајбург испушти исторска шанса да го освои трофејот.
Фрајбург имаа предност од 19.минута со голот на Егелштајн, а од 57.минута и играч повеќе на теренот. Наместо да ја зголемат предноста им дозволија на ривалите да израмнат. Во 76.минута за РБ Лајпциг погоди Нкунку.
Во продолженијата, Фрајбург немаа среќа, во првото продолженија ја погодија стативата, а потоа Петрсон промаши празен гол, а во второто полувреме гредата го спаси Гулаши.
Во пенал серијата сите од Лајпциг постигнаа голови, додека кај Фрајбург Гитер шутираше над голот,а Демировиќ ја погоди гредата.
Спорт
Мбапе со хет-трик го прослави новиот договор, Монако во последната секунда остана без директен пласман во ЛШ

Со натпреварите од 38.коло заврши сезоната во Лига 1. Шампионот ПСЖ го деласира Мец со 5:0. Потпишувањето на новиот договор Килијан Мбапе го прослави со хет-трик, стрелец во прошталниот натпревар беше и Анхел Ди Марија.
Покрај ПСЖ пласман во групната фаза во Лигата на шампионите избори Олимпик Марсеј, а во квалификациите ќе игра Монако. Екипата на Монако без директен пласман во Лигата на шампионите остана во 96.минута на натпреварот во Ленс, кога Дансе израмни на 2:2.
Рен и Ница се пласираа во квалификациите во Лига Европа, односно Лигата на конференции. Рен место во Лига Европа обезбеди со голот на Гураси во 92.минута. На крајот Рен ремизираше кај Лил 2:2.
Од претходно беше познато дека од Лига 1 испаѓаат Бордо и Сент Етиен, а Мец ќе игра бараж за опстанок.
Спорт
Ла Лига поради Мбапе ќе го тужи ПСЖ

Шпанската Ла Лига издаде официјално соопштение во кое вели дека ќе го тужи ПСЖ кај УЕФА за наводно кршење на финансискиот фер-плеј при преговорите за продолжување на договорот со Килијан Мбапе.
Првиот човек на двата највисоки ранга на шпанскиот фудбал (Примера и Сегунда), Хавиер Тебас, чекаше да се официјализира одлуката на Мбапе, а сега кога тоа се случи, Ла Лига ќе ја продолжи борбата на суд.
Аргументот на Шпанците се темели на тоа што ПСЖ лани направил загуба од 300 милиони евра, а според некои информации само бонусот што Мбапе ќе го добие за потпишувањето на договорот изнесува околу 130.000.000 евра.
Тебас рече дека тоа е „навреда за фудбалот“ и дека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е „поопасен од Супер лигата“.
Official statement: La Liga announce they have now reported Paris Saint-Germain to UEFA because of Kylian Mbappé deal. 🚨 #Mbappé
“This is a scandal. We will now report PSG to Uefa, French autorities and EU authorities”. ⤵️📑 pic.twitter.com/ZFFtZN4eTl
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 21, 2022