Спорт
Мело, по поразот, удри по Ѓоковиќ: Вели ги сака Бразилците, па провоцира…

Новак Ѓоковиќ во вторникот на Олимпијадата во Токио забележа две победи за пласман во четврт-финалето, првин во сингл, а потоа и во мешани двојки со Нина Стојановиќ, во меч во кој неговиот бразилски ривал Марсело Мело тврдеше дека светскиот број 1 се однесувал неспортски.
Мело и Луиза Стефани загубија, а бразилскиот тенисер сметаше дека Ѓоковиќ постојано провоцирал, славел прегласно, а покрај тоа, еднаш и го удри со топчето.
„Непријатно ме изненади и навистина немаше потреба за такво нешто. Пред два дена објави видео на кое зборуваше за Бразил и Бразилците, за нашата енергија и страст, а сега се однесуваше така. Имаше смеч директно во мојот грб, а не мораше така да одигра. Јас никогаш не би направил така. Не го сфаќам тоа, не сфаќам што направивме да заслужиме такво нешто. Во еден момент за малку ќе ја погодеше Луиза. Секако, ова е Олимпијада, се оди на медал, но во некои работи мора да постојат граници. Не сакам да правам контроверзии, но секој што гледаше можеше да го заклучи истото“, вели Мело.
Ѓоковиќ немаше многу да каже.
„Мело кажува дека сум го провоцирал? Сериозно? Навистина немам никаков коментар на тоа“, порача Ѓоковиќ.
Djokovic going for the biggest target on court.
(h/t @BreakPointBR) pic.twitter.com/jVMtPxxIPb— . (@Ashish__TV) July 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.