Спорт
Менаџерот го убедувал Погба да се пресели во Реал

Пол Погба, како слободен играч, по завршувањето на сезоната би можел да го напушти Манчестер јунајтед. Погба, во јануари, може да преговара со заинтересираните клубови. Сепак не е исклучена можноста тој да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.
Доколку, Погба, реши да замине од „Олд Трафорд“, како прв фаворит за неговиот потпис се издвојува Реал Мадрид. Интерес за францускиот репрезентативец покажува и ПСЖ.
Реал има адут во ракавот, во трката за Погба со ПСЖ. Според неколку извори, менаџерот Мино Рајола сакал неговиот клиент да го облече дресот на „кралскиот клуб“.
За разлика од неколку врвни клубови, кои не го сакаат Рајола, Реал е во добри односи со овој контроверзен менаџер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обвинение против Манчестер сити, можно е одземање бодови

Манчестер сити, актуелниот англиски шампион, во минатото работел спротивно на правилата. Како што објави Премиер лигата на својата веб-страница, Манчестер сити ги прекршил финансиските прописи, покажала истрагата на независната финансиска комисија.
Клубот се товари за финансиски прекршоци од сезоната 2009/2010 до сезоната 2017/2018.
Обвиненијата се однесуваат на финансиски информации во врска со приходите, детали за платите на менаџерите и играчите, прекршувањето на прописите на УЕФА и соработката со истрагите на Премиер лигата.
Доколку се утврди дека обвинувањата се точни, Сити ќе се соочи со голем број финансиски казни. Исто така, на актуелниот шампион оваа сезона би можело да му бидат одземени неколку бода, што автоматски би го исфрлило од трката за титулата.
Манчестер сити веќе имаше забрана во 2020 година кога не можеше да донесе играчи две години, но арбитражната комисија ја поништи оваа одлука. Тогаш проблематично беше финансиското работење во периодот 2012-2016 година.
BREAKING: Man City charged by Premier Leaue with numerous breaches of financial rules following a four-year investigation.
This is unprecedented: pic.twitter.com/ZGzdX210qP— Martyn Ziegler (@martynziegler) February 6, 2023
Спорт
Челси размислува за Луис Енрике

Поранешниот селектор на Шпанија Луис Енрике би можел да го преземе Челзи, пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“. Лондонскиот клуб размислува да ангажира искусен тренер доколку актуелниот, Греам Потер не постигне добри резултати.
Енрике беше тренер на Барселона од 2014 до 2017 година, а под негово водство Каталонците станаа шампиони на Шпанија, три пати го освоија Купот на кралот и ја освоија Лигата на шампионите во сезоната 2014/15, како и Суперкупот на Европа.
Последната работа на Енрике беше во репрезентацијата на Шпанија. На Светското првенство во 2022 година, неговиот тим загуби од Мароко (0:0, пенали – 0:3) во осминафиналето. По неуспешниот настап, Луис Енрике поднесе оставка.
Медиумите на Островот во последните недели пишуваат дека е можно дури и Жозе Мурињо да се врати на „Стемфорд Бриџ“ ова лето.
Спорт
Азар се повреди по 18. пат откако е во Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека Еден Азар е повреден. За поранешниот играч на Челзи, ова е 18. повреда во Реал, во 2019 година.
За повредата на Азар, Реал се огласи со кратко соопштение, пред натпреварот со Мајорка кој го загуби со резултат 1:0.
„По денешните тестови во медицинскиот центар на Реал, на Еден Азар му беше дијагностицирана пателарна тендинопатија на левото колено и ќе биде под натамошна опсервација“.
Азар беше еден од најдобрите играчи на Челзи, на 352 меча за „сините“ постигна 110 гола со 92 асистенции.
Кариерата му тргна по надолна линија откако се пресели во Шпанија.
На 73 натпревари во овие четири години тој постигна седум гола со 11 асистенции.
Неговиот медицински картон изобилува со повреди од различни типови, а оваа сезона на седум натпревари во сите натпреварувања постигна еден гол.
Неговиот договор истекува во 2024 година и се верува дека би можел да му се придружи на Кристијано Роналдо во Ал Наср.