Спорт
Мерцедес најбрз во Истанбул, белиот Ред бул потфрли

Луис Хамилтон ги заврши петочните треинзи пред Турското ГП како најбрз возач, а неговиот главен ривал за титулата, Макс Ферстапен, во Ред бул се мачеше со својот болид, обоен во бело во чест на Хонда.
Асот на Мерцедес, Хамилтон, го подобри своето време од утринската сесија на 1:23.804 соборувајќи го рекордот на патеката Истанбул парк за повеќе од една секунда. Единствена лоша вест е тоа што тој в недела ќе стартува со казна од 10 места поради менување на моторот овој викенд.
Ферстапен, пак, утрото губеше со 0,4 секунди, а попладнето беше на 0,635 секунди зад Хамилтон за да заврши како петти на табелата. Холанѓанецот неколкупати преку радиото се жалеше на својот болид РБ16Б.
Меѓу ривалите за титулата беше Шарл Леклер, со фантастично второ најдобро време пред Валтери Ботас, а и Серхио Перез беше пред Ферстапен. Лендо Норис беше шести за Мекларен, пред Фернандо Алонсо и Естебан Окон во Алпине, Пјер Гасли во Алфа Таури и Антонио Џовинаци во Алфа Ромео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Далас Маверикс стекна право на прв пик

Далас Меверикс на вчерашната лотарија го доби правото на првиот пик, за првпат во историјата на франшизата.
За прв пик веќе извесно време е предвиден талентот на генерацијата, 206 сантиметри високата ѕвезда, крилниот центар Дуке Купер Флег.
Флег оваа сезона бележеше 19,2 поени, 7,5 скока и 4,2 асистенции, со успешност од 48,1 процент од игра, 38,5 за три и 84 проценти слободни фрлања.
Спорт
Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил, Италијанецот станува најплатениот селектор

Карло Анчелоти и официјално е потврден за нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација, објавија синоќа многу светски медиуми. Анчелоти ќе го преземе местото на 26 мај, веднаш по завршувањето на сезоната со Реал Мадрид. Со овој потег завршува неговиот втор мандат на клупата на Кралскиот клуб, со кој претходно освои две Ла Лига и три Лига на шампиони.
Анчелоти имаше уште една година од договорот со Реал Мадрид, но по пријателските разговори со челниците на клубот и Бразилската фудбалска федерација, беше договорен неговиот предвремен отказ. Според „Атлетика“, Италијанецот на крајот на април ја известил управата на Реал за својата одлука, а во меѓувреме биле финализирани сите детали од договорот со Бразил. Неговиот мандат е закажан до крајот на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
АС Мадрид откри дека Анчелоти ќе добие „астрономска“ сума на клупата на Бразил. Според извештаите, Италијанецот треба да заработува 770.000 евра месечно или 9.200.000 евра годишно. Ова е двојно повеќе од сумата што ја добија последните двајца бразилски тренери Тите и Доривал Јуниор.
Спорт
Вие сте најголемото ѓубре на светот – Киргиос ги нападна навивачите на социјалните мрежи

Австралиецот Ник Киргиос е во расправија со навивачите на социјалните мрежи кои се радуваат по повредата на најдобриот играч од Бостон Џејсон Тејтум.
Кошаркарите на Бостон Селтикс беа поразени од Њујорк Никс со 121:113. Екипата на Бостон сега има негатива од 3:1 во полуфиналето на Источната конференција во НБА. Покрај поразот во четвртиот меч останаа и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум кој најверојатно си ја скина тетивата.
Тејтум не е баш меѓу омилените кошаркари во целата НБА лига, па фановите се радуваат на социјалните мрежи по неговата повреда. Тоа не му се допадна на Ник Киргиос, кој е голем фан на Селтикс.
„Кој и да ја слави повредата на Тејтум или повреда на било кој спортист, вие сте најголемото ѓубре на светот“, изјави Ник Киргиос.
Џејсон Тејтум се здоби со една од најтешките спортски повреди. Џејсон мораше да ја напушти салата во инвалидска количка. Тој плачеше и ги држеше рацете на лицето.