Спорт
Меси ги седна на иста маса челниците на Барса и Ла Лига
Челниците на Барселона и Ла Лига одржале состанок во еден мадридски ресторан со цел да ја оценат можноста за враќање на Лионел Меси во шпанското првенство и каталонскиот клуб.
Барселона сонува за враќањето на Меси, но е во тешка финансиска ситуација, поради што и се одржал состанокот. Од Барселона сакале да дознаат од прва рака дали е реално Аргентинецот да се врати во Шпанија.
Во август ќе се навршат две години откако иконата на Барселона го напушти клубот и потпиша за Пари Сен Жермен. Неговиот договор со ПСЖ е со важност до крајот на сезоната и се почести се за негово враќање на „Камп Ноу“. Сепак целата операција е исклучително тешка за реализација бидејќи Барселона има финансиски проблеми.
На состанокот долг час и 15 минути, Барселона ја претставуваа спортскиот директор Матеу Алемани и Феран Оливе, финансискиот директор во клубот. Хавиер Гомез, генералниот директор на Ла Лига и Оскар Мајо, нејзиниот извршен директор, беа од другата страна на масата. Мајо прв си заминал, а по не го заминал и Гомез, а Алемани и Оливе останале во ресторанот уште два часа пресметувајќи што е потребно за враќање на Меси.
Иако Алемани подоцна рекол дека тоа бил „неформален ручек“, шпанските новинари истакнуваат дека ова го означува враќањето на Меси во дресот на Барселона. На клубот му требаше благословот од Ла Лига и се чини дека го доби, истакнуваат шпанските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

