Спорт
Меси на 13 години сонувал да заигра за Аргентина
Весникот Diario La Capital од Росарио, Аргентина, пред 19 години правел интервју со тогаш 13-годишен фудбалер по име Лионел Меси. Тогаш на младиот фудбалер ни во најлудите соништа не му било дека ќе стане еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња.
Пред 19 години Меси, додека бил член на Њуелс Олд Бој, дал опширно интервју, кое и сега е интересно во фудбалскиот свет:
Идол – татко ми Хорхе и кумот Клаудио
Најдраг тренер – сите со кои сум работел
Фитнес-тренер – Пабло Санчез
Омилен играч – брат и роднина
Клуб – Њуелс Олд Бој
Хоби – слушање музика
Книга – Библијата
Друг спорт – ракомет
Омилен модел – Никол Нејман
Најдрага храна – пилешко во сос
Омилен предмет – шпански јазик
Цел – да играм во прва лига
Најсреќен момент – кога го освоивме првенството
Се надевам – дека со Њуелс ќе заиграм во прва лига
Најдраго сеќавање – кога баба ми ме однесе првпат да играм фудбал
Сон ми е – да играм за Аргентина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче
Многу светски медиуми пред неколку дена пишуваа дека Жозе Мурињо го контактирал Кристијано Роналдо и го прашал дали сака да му се придружи во Фенербахче по истекот на договорот со Ал Наср.
Беше истакнато дека стрелецот на 68 гола на 79 натпревари за клубот од Саудиска Арабија наводно е подготвен да се врати во Европа, но доколку тоа се случи, се чини дека во моментов нема комбинации кои повторно ќе ги спојат Мурињо и Роналдо.
Во текстовите кои ја пренесоа веста, се наведува дека Мурињо му се јавил на Роналдо, го прашал дали е среќен во Саудиска Арабија и дали сака да замине. Наводно и го прашал дали ќе дојде во Фенербахче.
„Весите за Кристијано Роналдо и Фенербахче се смешни. Кристијано може да дојде во Истанбул на ручек бидејќи е на половина пат меѓу Саудиска Арабија и Португалија. А можеби ќе дојде да го види својот стар пријател Жозе. Ќе ручаме во мојот хотел“, изјави Мурињо.
Фенербахче е турски рекордер со 28 освоени првенствени титули. Мурињо го водеше Роналдо низ дел од кариерата во Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Рутинска победа на Реал кај Леганес
Фудбалерите на Реал го совладаа истоимениот домаќин со 3:0 (1:0) во мадридското предградие Леганес и се вратија на второто место на табелата во Примера.
Килијан Мбапе, по поодлго време одигра добар натпревар, го постигна првиот гол во 43. минута, а победата на Реал подоцна ја потврдија Федерико Валверде (66) и Џуд Белингем (85). Лука Модриќ влезе во игра во 83. минута на местото на Килијан Мбапе. Францускиот ас беше прогласен за играч на натпреварот.
Реал со деветтата сезонска победа стигна до 30 бода и повторно го зазеде второто место кое накратко беше минат од градскиот ривал Атлетико со 29 бода. Лидерот Барселона има 34 бодови, но и натпревар повеќе од Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Лукаку го реши „Дербито на сонцето“ – Наполи повторно е лидер во Серија А
Наполи ја победи Рома со 1:0 и се врати на челната позиција во Серија А. На дебито на Клаудио Раниери на клупата на Рома „Дербио на сонцето“ го реши екс-фудбалерот на римјаните, Ромелу Лукаку.
Лукаку, кој минатата сезона го носеше дресот на Рома, во 53.минута беше побрз од германскиот ветеран, Марс Хумелс и го постигна единствениот гол.
Наполи имаше повеќе од играта и тактички ја заслужи победата, но гостите од Рим создадоа неколку убави шанси за израмнување откако примија гол. Најдобрата пропуштија во 66. минута кога Украинецот Артем Довбик со глава ја погоди гредата.
По оваа победа, избраниците на Антонио Конте се вратија на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Аталанта, Фиорентина и шампионот Интер.
На овој натпревар на клупата на Рома дебитираше Клаудио Раниери. Поточно, за 73-годишниот тренер ова е трет пат во кариерата да го преземе кормилото на „волчицата“. Тој го наследи Иван Јуриќ, кој беше заменет по поразот од Болоња со 2:3.
Рома моментално е на 12. место на табелата со 13 бодови. Во следното коло ја пречекува Аталанта, додека Наполи гостува во Торино.