Спорт
Меси полудел по поразот од Сити: Идиоте дојди тука, покажи го лицето
Лионел Меси постигна гол со кој Барселона поведе против Манчестер Сити, но на крајот неговиот тим го загуби мечот од четврото коло, во Лигата на шампионите, во Ц групата со 3-1.
Сити целосно ја надигра Барселона и успеа да ја прекине серијата од пет порази против Каталонците во Лигата на шампионите. Илкај Гундоган постигна два гола, а Кевин Де Брујне еден гол во пресвртот кој го направи Сити, кој на крајот славеше со 3-1.
Првиот гол на мечот, кој значеше предност за Барселона, го постигна Меси, откако со Нејмар одиграа брилијантен контранапад.
По мечот, како што пишуваат шпанските медиуми, Меси полудел и во соблекувалната барал еден играч на Манчестер Сити кој го навредил во текот на натпреварот.
„Идиоте дојди тука и покажи го своето лице“, врескал најдобриот аргентински фудбалер, кој играчот на Сити го барал заедно со клупскиот делегат Карлес Надал.
Вжештените страсти ги смирил напаѓачот на Сити, Серхио Кун Агуеро, кој инаку му е кум на Меси и соиграч во репрезентацијата./крај/мф/нц
Се вчитува прикажувачот на видео…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

