Спорт
Милан брка бод против Салцбург, Јувентус не смее да загуби од ПСЖ

Со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х завршува групната фаза од Лигата на шампионите. По завршувањето на овие натпревари, ќе бидат познати последните два тима во осмина-финалето. За место меѓу најдобрите 16 се борат Милан, Салцбург, Шахтјор и Лајпциг.
Во групата Е извесно е дека Челси е прв, а кој ќе оди во осмина-финалето како втор ќе се знае по натпреварот помеѓу Милан и Салцбург.
Бод од овој меч е доволен италијанскиот шампион да го продолжи натпреварувањето во најквалитетното клупско европско фудбалско натпреварување.
Динамо од Загреб има тешко гостување во Лондон и сè освен убедлива победа за Челси би било големо изненадување, кое ќе го остави хрватскиот шампион на четвртото место во оваа група.
Пласман во осмина-финалето обезбеди првиот фаворит во групата Ф, Реал Мадрид, а за сигурно прво место во групата, ќе му биде потребна победа на домашен терен против аутсајдерот Селтик.
Во вториот натпревар во групата Шахтјор со евентуална победа над Лајпциг ќе се пласира нокаут-фазата.
Бундеслигашот има три бода предност пред последното коло, но на Украинците им е доволна минимална победа бидејќи есенва веќе еднаш ги победија во групата.
Групата Г ја освои Манчестер сити, втора ќе биде Борусија Дортмунд, а трета Севилја, која ќе се натпреварува во Лига Европа.
Затоа натпреварите меѓу Манчестер сити – Севилја и Копенхаген – Борусија Дортмунд ќе бидат од ревијален карактер.
Пласман во осмина-финалето од групата Х обезбедија Пари Сен-Жермен и Бенфика, а Јувентус сè уште математички ја нема обезбедено европската пролет.
ПСЖ и Бенфика имаат ист број бодови, но францускиот првак има подобра гол разлика и доколку во Торино ја победи „старата дама“, ќе го обезбеди првото место во групата. Бенфика ќе брка победа во Хаифа против Макаби и ќе чека кикс на ПСЖ.
Доколку Макаби остане непоразен против Бенфика, а ПСЖ го победи Јувентус, тогаш италијанскиот тим ќе остане без европска пролет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.