Спорт
Милан самоуверено на врвот во Серија А, падна и Фиорентина

Екипата на Милан со нов триумф останува на лидерската позиција во Серија А. Попладнево на „Сан Сиро“ падна и Фиорентина, со 2-0.
Иако „Росонерите“ во составот на денешниот меч го немаа Златан Ибрахимовиќ, а на клупата седеше Бонера, на местото на Стефано Пиоли, тоа не им пречеше на „црвено-црните“ повторно да триумфираат.
Дефанзивецот Ромањоли уште во 17 минута донесе водство за својот тим, а во 28 минута, Кеси од пенал зголеми на 2-0.
Истиот играч имаше можност и за втор гол од белата точка, но вториот удар за најстрога казна му беше неуспешен, голманот Драговски беше поуспешен.
Поседот на топката беше речиси изедначен, двете екипи воглавно играа меѓу двата шеснаесетника, а двајцата голмани немаа премногу удари кон нивните голови.
Милан останува лидер на табелата и по ова коло, со 23 бода, сега 5 повеќе од второпласираниот Интер.
Болоња во истиот термин со 1-0, со голот на Сориано во 45 минута го совлада Кротоне за четврта победа во 9 меча во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нов шок за Севилја – Елче го победи тимот на Лопетеги

Фудбалерите на Елче славеа победа во дуелот со Севилја (2:1) и по некомплетното 26.коло успеаја да избегаат од опасната зона. Севилја остана на четвртото место на табела, а до крајот на сезоната ќе води голема борба со Реал Сосиедад за местото кое носи пласман во Лигата на шампионите.
Првото полувреме во Елче не донесе никаква возбуда. Домаќините очекува игра внимателно против фаворитот, додека кај Севилја забележлив беше шокот по елиминацијата од Барселона во полу-финалето, во Купот на Шпанија.
Покрај тоа тренерот на Севилја реши да одмори неколку фудбалери, бидејќи за три дена овој тим ќе го игра осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Борусија во Дортмунд.
За разлика од првиот, вториот дел донесе многу повеќе возбудувања. Елче малку ја отворија играта, а таквиот хравар пристап им се исплатеше во две ситуации. Одличната тимска акција, во 70 минута, со убав гол ја заврши Раул Гути, а седум минути подоцна Гвида Кариља ја дуплираше преноста на Елче.
Севилја изврши притисок во последните десет минути. Од тој притисок излегоа две шанси, а една од нив Де Јонг претвори во гол.
Спорт
Лајпциг од првото место ќе го гледаат дербито Баерн-Дортмунд

Две победи на домаќините, две на гостите и еден нерешен натпревар е епилогот на она што се случувашње во попладневната програма, во 24.коло во Бундес лигата.
Лајпциг со победа го заврши гостувањето во Лајпциг и барем на неколку часа ја презеде лидерската позиција на табелата од Баерн Минхен. Актуелните шампиони од 18.30 ќе игра во дербито против Борусија Дортмунд.
Нкунку во првото, односно Сорлот и Форсберг, беа стрелци на головите за Лајпциг во победата 3:0.
Ајнтрахт одигра само 1:1 со Штутгарт и не успеа да го искористи поразот на Волфсбург, од Хофенхајм (2:1), за да се израмни со овој тим на третото место на табелата.
Во интервал од една минута беше поставен конечниот резултат 1:1 на мечот Ајнтрахт-Штутгарт. Калајџиќ погоди за „швабите“ во 68.минута, а во наредниот напад израмни Костиќ.
Дуелот Хофенхајм-Волфсбург беше решен во првото полувреме, кога беа постигнати трите гола. Баумгартнер погоди за домашните, израмни Вегхорст, а конечните 2.1 ги постави Крамариќ.
Леверкузен ја продлабочија кризата на Борусија Менхенгладбах. „Фармацевтите“, во Менхенгладбах славеа минимална победа со голот на Патрик Шик во 76.минута.
Херта го победи Аугсбург со головите на Пјонтек и Лукебакио, иако Волфсбург поведоа во втората минута со голот на Бенес.
Спорт
Шифрин ги разочара Словаците, победи во Јасни

Американката Микалела Шифрин победи на трката во слалом, која попладнево се возеше во Јасни, Словачка. Шифрин сега има 69 победи во кариерата, 45 од нив забелжала во слалом.
Американката ги разочара домашните навивачи, бидејќи за 34 стотинки, ја победи нивната миленичка Петра Влхова.
Третото место и припадна на Венди Холендер од Швајцарија.
До крајот на сезоната ќе се взат уште три трки во слалом, две во Оре и една во Ленцерхајден.
Во пласманот за слалом Влхова води со 480 поени, 45 повеќе од Шифрин и 70 од светската првенка, Австријката Катерине Линсбергер.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“