Спорт
Милан Ристовски: Веруваме во себе и посакуваме триумф против Грузија
Фудбалската репрезентација на Македонија в четврток ги продолжува настапите во Лигата на нации и на арената „Тодор Проески“ ја пречекува селекцијата на Грузија. Гостите имаат две победи од два натпревари, а напаѓачот Милан Ристовски верува дека Македонија може да стигне до триумф.
„Можеме многу повеќе и треба тоа да го покажеме токму на мечот против Грузија. Нема да биде лесно, напротив, ќе биде тежок, а Грузија е посебно мотивирана по двете победи во првите две кола. Сепак, ние веруваме во себе, во нашиот неспорен квалитет и ќе ги спроведеме на теренот замислите на селекторот Милевски. Ќе се подготвиме добро и ќе дадеме максимум за да оствариме победа“, изјави Милан Ристовски.
Натпреварот меѓу Македонија и Грузија е закажан за в четврток, со почеток во 20.45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман и официјално ја презеде Германија

Јулијан Нагелсман и официјално е селектор на германската репрезентација и ќе ја води на следното Европско првенство следната година.
Младиот стручњак кој има само 36 години последен во март оваа година остана без работа, кога доби отказ во Баерн Минхен.
Интересно е што и сега како и претходно во Минхен, на клупата на германската репрезентација ќе го наследи Ханси Флик.
Германците се домаќини на претстојното ЕУРО 2024, но долго време се мачат, особено откако беа елиминирани во групната фаза на Мундијалот, влегоа во серија лоши резултати.
Нагелсман ќе влезе во историјата како најмладиот селектор на Германија. Своето деби на клупата ќе го има на 14. октомври на пријателскиот натпревар против селекцијата на САД во Конектикат.
Спорт
Винисисус ќе го пропушти градското дерби

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ги очекува големо градско дерби, на „Метрополитено“ ќе му гостуваат на Атлетико Мадрид. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Карло Анчелоти има проблеми во составувањето на тимот.
„Релево“, пишува дека бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор нема да игра поради повредата на грбот.
Тренерот Анчелоти се надеваше дека Бразлецот ќе игра, но како што сега стојат работите покрај дербито, тој ќе го пропушти и натпреварот во среда, против Лас Палмас.
„Мадрилењо“ ќе се игра во недела од 21:00 часот по средноевропско време. Реал оствари максимални пет победи на стартот на сезоната, додека избраниците на Диего Симеоне на четири натпревари освоија седум бода.
Спорт
Едегард доби нов договор и највисока плата во Арсенал

Норвешкиот фудбалер Мартин Едегард го продолжи договорот со Арсенал до 2028 година.
Едегард пристигна во Арсенал од Реал Мадрид за 35.000.000 евра. За „тобџиите“ има одиграно 112 натпревари, постигна 27 голови и забележа 15 асистенции.
Играчот од средниот ред на Арсенал е финансиски награден и со тоа што неговата плата сега ќе биде значително поголема, досега добиваше 120.000 фунти неделно (околу 7.200.000 евра годишно). Едегард би требало да стане најплатен фудбалер на „топчиите“.
Тоа значи дека сега ќе зема поголема плата од Каи Хаверц кој е најплатен во тимот со 20.000.000 евра годишно.