Спорт
Милано и Кортина ќе ги организираат ЗОИ 2026

Милано и Коритна Д’Ампецо ќе бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2026 година, одлучи Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Во последната рунда од гласањето ИОК решаваше помеѓу заедничката кандидатура на Милано и Коритна, односно Стокхолм.
Од трката претходно испаднаа Сион (Швајцарија), Сапоро (Јапонија), Грац (Австрија) и Калгари (Канада).
Италијанската кандидатура на крајот имаше 47 гласа, односно 13 повеќе од кандидатурата на Стокхолм.
Зимските олимписки игри во 2026 година ќе се одржат од 6 до 22 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леви: Згрешив што ги донесов во Тотенхем Антонио Конте и Жозе Мурињо

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви вели дека направил „грешка“ што ги ангажирал Жозе Мурињо и Антонио Конте како менаџери на лондонскиот клуб, посочувајќи дека со новиот прв чоовек, Ејнџ Постекоглу клубот се враќа „кон своите корени“.
Во март, поранешниот тренер на Јувентус и Интер, Конте стана вториот трофеен тренер кој си замина од Тотенхем во период од помалку од три години, откако пред две години Мурињо доби отказ иако беше донесен како замена за успешниот и популарен Маурисио Почетино.
„Јас сакам да освојуваме титули како сите други навивачи на клубот. Фрустрацијата од тоа што не победуваме и притисокот од некои играчи беа елементи кои беа неизбежни, и затоа сметавме дека мораме да потрошиме пари, да донесеме големо тренерско име. Со Маурисио имавме многу добри времиња, бевме блиску до титулите, но поминувавме низ тежок период и ја сменивме стратегијата. Решивме да донесеме трофеен менаџер и го направивме тоа двапати. Тоа се грешките од кои научивме. Тие двајца се одлични тренери, но можеби не се за овој клуб. Ние сакаме да играме на одреден начин и затоа Ејнџ е вистински човек за нас“, вели Леви.
Спорт
Меси пак контра ПСЖ: Од сите кои го освоивме СП само јас не добив признание од мојот клуб

Лионел Меси очигледно не поминал среќни две сезони во Пари Сен-Жермен, откако сега го обвинува францускиот клуб дека не добил признание од својот клуб за освојувањето на Светското првенство.
Меси, конечно, ја предводеше Аргентина до мундијалската титула во Катар во декември, освојувајќи го единствениот трофеј кој му недостасуваше во кариерата. Тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот откако постигна гол во сите рунди од шампионатот, вклучувајќи два во финалето против Франциј.
„Јас бев единствениот фудбалер кој не доби признание од својот клуб, за разлика од сите други 25 соиграчи“, вели Меси.
Аргентинецот доби почесен шпалир од неговите соиграчи по враќаањето во тимот по 10-дневната пауза, но официјално од клубот не доби никакво признание. Аргентинските медиуми тврдат дека тој сакал да го донесе трофејот од СП на „Паркот на принцовите“, но клубот се плашел од реакцијата на Килијан Мбапе и другите француски фудбалери.
Спорт
(Видео) Уште ова го немавме видено – Џорџо Кјелини со луд обид за „ножички“

Порнешниот капитен на Јувентус, Џорџо Кјелини можеби има 39 години, но очигледно уште ужива во фудбалот, откако на меч за неговиот Лос Анџелес ФЦ се обиде да даде гол со ножички на мечот со Сент Луис СЦ.
На 0:0 во второто полувреме, дефанзивецот имаше прекрасен обид, кој на крајот заврши во рацете на поранешниот голман на Борусија Дортмунд, Роман Бирки.
„Како добро вино“, коментираа од неговиот поранешен клуб Јувентус на социјалните мреи.
39-years-young.
— LAFC (@LAFC) September 21, 2023