Спорт
„Милионерите“ имаат желба да го вратат Санчо во Дортмунд
Челниците на Борусија Дортмунд планираат да го вратат во своите редови играчот на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо, во јануари следната година, пренесуваат британските медиуми.
Санчо сака да го напушти Манчестер јунајтед откако повеќе од два месеци не игра за клубот од „Олд Трафорд“ поради судир со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.
Борусија сака да го врати Санчо во Дортмунд, бидејќи поранешниот англиски репрезентативец играше за германскиот клуб од 2017 до 2021 година.
Сепак, британските медиуми наведуваат дека најголемиот проблем е во реализацијата на трансферот е платата на фудбалерот. Санчо заработува околу 400.000 евра неделно во Јуанјтед.
Исто така, се наведува дека најреална опција за Борусија е долгорочна позајмица во која Манчестер јунајтед би покривал дел од платата на Санчо.
Санчо (23) сезонава одигра само три натпревари за клубот од „Олд Трафорд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливерпул е подготвен да им го продаде Александер-Арнолд на Реал
Вечерва во дербито во Лигата на шампионите, на „Енфилд“, Ливерпул ќе го пречека актуелниот шампион Реал Мадрид.
Натпреварот е од исклучителна важност за Реал, бидејќи неочекувано тимот на Карло Анчелоти по четири одиграни натпревари има само шест бода, за разлика од Ливерпул кој има максинален скор со гол разлика 10:1.
Доколку, вечерва Реал загуби, ќе се најде во многу непријатна ситуација, во пресрет на последните три рунди.
Во пресрет на натпреварот, „Марка“, медиуми близок до Реал, објави дека ќе има предиигра, односно состанок меѓу челниците на двата клуба.
Според овој извор, од Ливерпул ги контактирале колегите од Реал со прашањето „Дали навистина го сакате Трент Александар-Арнолд?“, со што јасно ставиле до знаење дека се подготвени да го продадат англискиот репрезентативец во јануарскиот преоден рок.
Намерата на Ливерпул е јасна, клубот сака да ги искористи проблемите со провредите, со кои се соочува Реал, за да заработи од трансферот на Алкесандер-Арнолд.
Десниот бек има договор со Ливерпул до крајот на сезоната и не сака да потпише нов. Доколку Ливерпул не го продаде во јануари, Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Енфилд“ без обесштетување.
Спорт
Баерн 11 години нема пораз во фазата по групи во ЛШ
Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.
За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.
Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3:2.
Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.
Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024