Спорт
Минимална победа на Милан против Емполи

Фудбалерите на Милан забележаа, минимална победа над Емполи (1:0), во 29.коло, во Серија А.
Црвено-црните, против екипата која речиси три месеци нема победа во првенството, не блескаа, но освоија три значајни бода во борбата за шампионската титула.
Натпреварот на „Сан Сиро“ го реши дефанзивецот Калулу во 19.минута од натпреварот. Францускиот интернационалец го постигна првиот гол оваа сезона.
Милан ја зголеми предноста на врвот во однос на Интер. Милан има 63 бода, пет повеќе и два натпревари повеќе од Интер. Емполи останаа на 13.место со 32 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мурињо се расплака: Почнав во 2003 година и се уште сум тука. Јас победувам

Со победата на Рома во финалето на Конференциската лига против Феенорд (1:0), Жозе Мурињо стигна до петтиот трофеј во своето петто европско финале. Пред Рома, Португалецот освојуваше европски трофеи со Порто, Интер и Манчестер Јунајтед.
Мурињо стана само вториот стручњак во историјата со пет европски титули. Пред него е само Италијанецот Џовани Трапатони, кој успеа да го освои Купот на шампионите со Јувентус (1985), два Купа на УЕФА (1977, 1993) и Купот на победниците на куповите (1984), а со Интер има трофеј во Купот на УЕФА (1991).
Откако судијата означи крај на натпреварот, Мурињо се расплака.
„Испишавме историја. Ќе ја одбијам секоја понуда. Оставете ги гласините, останувам тренер на Рома. Овие 11 месеци во Рома беа прекрасни. Им кажав на момците дека во Серија А го направивме тоа што требаше да го направиме, да се квалификуваме за Лига Европа. Ја испишавме историјата на Рома“, изјави Мурињо по финалната пресметка во Тирана и дополни.
„Ми кажаа дека сум како Фергусон и Трапатони затоа што освоив трофеи во три различни децении. Јас сум Интертиста, јас сум човек на Челзи, го сакам Реал, но исто така сум и романист. Почнав во 2003 година и се уште сум тука. Јас победувам…“
Спорт
Американец најскапо засилување во историјата на Лидс јунајтед

Откако во последното коло успеаја да изборат опстанок во Премиерлигата, челниците на Лидс јунајтед решија да го урнат клупскиот рекорд. На „Елан роуд“ за сума од 33.000.000 евра ќе пристигне Бренден Аронсон.
Лидс за овој фудбалер интерес покажаа и во зимскиот преоден рок. Американецот пристигнал во Лидс, најпрвин ќе треба да ги мине лекарските прегледи, а во текот на викендот ќе го потпише договорот.
Менаџерот на Лидс, Џеси Марш, добро знае какви се квалитетите на Аронсон, тој две години му беше тренер во Салцбург.
Инаку, актуелен рекордер на Лидс е Родриго, за него екипата од „Елан роуд“, пред две сезони на Валенсија и плати 30.000.000 евра.
Спорт
Победа ги дели Селтикс од пласман во НБА финалето

Кошаркарите на Бостон Селтикс во петтиот натпревар го совладаа Мајами на гости со 93:80 и поведоа со 3-2 во финалната серија на Истокот.
Одбраната беше клуч за победата на Селтикс во Мајами. Хит имаа поразителна реализиција од само 33 отсто, погодија скромни седум тројки од дури 45 обиди.
Селтикс мечот го решија во второто полувреме, кога во период од шест и пол минути направија серија 24:2.
Најефикасен во редовите на Бостон беше Џејлен Браун со 25 поени (10/19 од игра), Џејсон Тејтум постигна 22 поени (7/20 од игра), а имаше и 12 скока и девет асистенции. Ал Хорфорд постигна 16 поени и седум скока, а Дерик Вајт додаде 14 поени.
Во поразениот тим Бем Адебајо постигна 18 поени и имаше 10 скока, Гејб Винсент додаде 15, а Џими Батлер само 13 (4/18 од игра). Кајл Лори не постигна ниту еден поен за речиси 25 минути на теренот.
Шестиот натпревар од серијата, во кој избраниците на Име Удокa ќе имаат можност да извојуваат клучна победа, ќе се одигра ноќта меѓу петок и сабота во два часот и 30 минути по средноевропско време. Домаќин овојпат ќе биде Бостон.