Спорт
Роналдо со хет-трик го победи Тотенхем

Манчестер јунајтед го победија Тотенхен со 3:2, во дерби натпреварот, одигран во 29.коло во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ славеа со хет-трикот на Кристијано Роналдо.
Португалецот на најдобра начин им одговори на критичарите, откако пред дербито со Сити, наместо да биде со тимот замина во Португалија.
Роналдо, на овој натпревар и официјално стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот. Во кариерата досега има постигнато 807 голови.
Роналдо со спектакуларен гол го отвори резултатот на „Олд Трафорд“, во 12.минута. Израмни Хари Кејн од пенал во 35., а три минути подоцна Роналдо ја врати предноста на страната на Јунајтед.
Тотенхем во мечот се врати со авто-голот на Хари Мегваер во 72.минута, а девет минути подцна Роналдо го постави конечниот резултат.
Јунајтед се вратија на четврото место на табелата со 50 бода, Арсенал има 48 но и четири натпревари помалку од „црвените ѓаволи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Навивачите на Црвена Звезда се откажаа од Пикси: „Никогаш не си бил наш…Сајонара“

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1 во финалето на Купот на Србија, а најинтересно беше на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“. За време на натпреварот, популарните „Делије“, навивачите на Звезда, му испратија порака на српскиот селектор, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси, и се откажаа од него.
„Никогаш не беше твоја, никогаш не беше наш. Секој звездаш се сеќава на деценискиот потоп после тебе. Сајонара“, пишуваше на транспарентот на северната трибина, каде се сместени најверните фанови на Црвена Звезда.
Ова дополнително го продлабочи конфликтот меѓу Црвена Звезда и Пикси.
Стојковиќ првпат дојде на „Маракана“ откако стана прв човек на репрезентацијата во декември 2020 година. Тој дојде во друштво на Стеван Стојановиќ, капитенот на генерацијата на „црвено-белите“ која ја освои титулата европски и светски првак во 1991 година и во која беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Во ложата беше и генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, кој често во јавноста зборуваше против Пикси.
Спорт
Црвена Звезда и Хајдук Сплит со куп-трофеи во Србија и во Хрватска

Црвена Звезда освои двојна круна во Србија откако во финалето на Купот на Србија, го совладаа Партизан со 2:1, со головите на Александар Катаи.
Најдобриот играч на Црвена Звезда во 26. минута донесе водство, а израмни Урошевиќ. Катаи постигна втор гол за Црвена Звезда во 72.минута и го одлучи мечот.
Хајдук Сплит е победник на Купот на Хрватска откако ја победи Ријека со 3:1. Ова беше и пресметка со „македонски предзнак“, со оглед дека и во двата тима има македонски репрезентативци. На крајот, се радуваше Јани Атанасов, а тагата остана за Дарко Велковски.
Јосип Дрмиќ во 13.минута донесе водство за Ријека, но израмни Феро. Потоа два гола за Хајдук постигна Дарио Мелњак во 36. и во 56.минута.
Спорт
Борко Ристовски: Горд сум на овие ракометари на Вардар

Ракометарите на Вардар ја освоија двојната круна во Македонија, откако денеска триумфираа против Тиквеш (37:25) и го потврдија шампионскиот пехар.
Искусниот голман Борко Ристовски вели дека сезоната беше турбулентна, но вардарци на крајот ја комплетираа со двоен триумф, и во првенството и во Купот.
„Ова беше една турбулентна сезона со успеси и со падови, но Вардар сепак ја покажа големината. Успеавме да ја освоивме двојната круна и горд сум на овие ракометари. Ќе се обидеме да дојдеме до подобри резултати следната сезона и во Лигата на шампионите“, изјави Борко Ристовски.