Спорт
Миовски ќе дебитира против Атлетико Мадрид
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски викендов ќе го има дебито во дресот на Џирона. Клубот од Каталонија го регистрираше напаѓачот за чии трансфер од Абердин издвои 8.500.000 евра. На „Монтоливи“, Моивски ќе го носи бројот 19.
„Ас“, пишува дека Миовски веројатно ќе биде стартер во дербиот на колото, в недела на „Сивитас Метролопитано“, против Атлетико Мадрид.
Според овој извор, Миовски против Атлетико ќе добие „квалитетна минутажа“.
Македонецот во тимот на Џирона дојде како замена за Артем Довбик кој се пресели во Рома. Украинецот минатата сеозна го освои трофејот за најдобар стрелец, постигна 24 гола во Примера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Капело: Ибрахимовиќ мора да сноси одговорност во Милан
Звонимир Бобан неодамна даде интервју за италијанска „Газета дело Спорт“ во кое изјави дека не знае каква е улогата на Златан Ибрахимовиќ во неговиот поранешен клуб Милан.
Ибрахимовиќ го посети студиото на „Скај Спортс“ пред натпреварот помеѓу Милан и Ливерпул (1:3) и му одговори на Бобан.
„Дури ни Бобан не знае која е мојата улога. Сега ќе објаснам. Мојата улога е едноставна, вклучува многу разговор. Јас сум одговорен, јас сум газда и сите работат за мене. Глувците не се внатре во тимот, тие се надвор од него“, изјави во свој стил Ибрахимовиќ.
Зборовите на Ибрахимовиќ ги коментираше и Фабио Капело, кој истакна дека мора да понесе и одговорност.
„Го проучував минатото кога го презедов тимот, но внесов и свои идеи. Мора да направите вино од грозјето што го берете. Во Милан би требало да прашаме кој е одговорен за трансфер стратегијата. Ибра рече дека тој е на чело, па мора и тој да има одредена одговорност“, рече Капело, а потоа продолжи:
Ако ја освоите титулата, треба да се надградувате на тие основи, а не да ги уништувате. Во изминатите години потпишаа многу офанзивни играчи, но каде се играчите од средниот ред и центарфорите кој ќе игра во шеснаесетникот?
Алваро Мората е многу различен од Оливие Жиру, затоа клубот и тренерот мора заедно да направат тактичка промена. Во Милан гледам 11 играчи расфрлани низ теренот, а не тим. Така беше и минатата сезона“, смета Капело.
Спорт
Поради Мбапе, Реал им ги зголеми платите на Белингем и Винисиус
Реал Мадрид за по пет милиони евра им ги зголеми платите на Џуд Белингем и Винисиус Жуниор. Англичанецот и Бразилецот со ова покачување ие изедначија со Килијан Мбапе. Реал Мадрид се реши на ваков потег за да спречи евентуално незадоволство во соблекувалната, пишуваат шпанските медиуми.
Мбапе во Реал пристигна како слободен играч, па клубот бидејќи не мораше да потроши цело богатство за тој трансфер, му даде и голема плата. Со нето плата од 15 милиони евра беше меѓу најплатените, а сега исто толку ќе добијат и Белингем и Винисиус, па причина за љубомора во тимот меѓу тројцата не би требало да има.
Во однос на нивните перформанси, Мбапе и Винисиус одиграа по седум натпревари од стартот на сезоната. Французинот постигна пет гола, а Бразилецот три гола со четири асистенции. Играчот од средниот ред Белингем, кој минатата сезона воодушеви со 23 гола и 13 асистенции, се враќа од повредата. Досега одигра три натпревари и забележа една асистенција.
Спорт
Нетси во јануари ќе го пензионираат дресот на Винс Картер
Бруклин Нетс ќе го повлечат дресот со број 15 на Винс Картер пред нивниот домашен натпревар на 25 јануари 2025 година против Мајами Хит.
Дресот на Картер ќе биде седмиот „пензиониран“ од оваа франшиза, по дресовите на Дражен Петровиќ (бр. 3), Џејсон Кид (бр. 5), Џон Вилијамсон (бр. 23), Бил Мелкиони. (бр. 25 ), Џулиус Ервинг (бр. 32). и Чарлс „Бак“ Вилијамс (бр. 52).
„Возбудени сме што можеме да му оддадеме чест на поранешниот играч на Нетс, Винс Картер, кој придонесе многу за оваа организација на теренот и надвор од него. Тој е важен дел од историјата на франшизата на Нетс и со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде во арената оваа сезона.за да го прославиме неговото наследство“, рече извршниот директор на Нетс, Џо Цаи.
Картер, член на класата на кошаркарската Куќа на славните од 2024 година, имаше просек од 23,6 поени во текот на четири сезони со тогашниот Њу Џерси Нетс од 2004-2009 година. Картер, кој сега има 47 години, сè уште го држи рекордот на франшизата со 2.070 поени во сезоната 2006/2007 година.
Осумкратен Ол-стар и дебитант на годината во сезоната 1998/99, Картер е единствениот играч во историјата на НБА кој се натпреварувал во текот на четири децении. Првиот пик на драфтот во 1998 година се повлече по сезоната 2019/20. со 25.728 поени во 1.541 натпревар.