Спорт
Миовски во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во неделата, го предводеше Абердин до првата победа сезонава во Премиер лигата на Шкотска.
Миовски постигна два гола и зебележа една асистенција во триумфот на Абердин над Рос Каунти (4:0).
Заслужено Миовски се најде во тимот на колото. Покрај него, во најдобрите 11 се и неговите соиграчи Јенсен и Дјук. Интересно, тројцата играчи на Абердин, од Софаскор добија идентична оценка (8,7).
Абердин по шест кола се наоѓа на претпоследното место на табелата со пет бода.
Насловна фотографија/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Селекторот на Словенија: Некои од ривалите се насмевнаа кога не’ извлекоа во групата, ќе направиме да зажалат

Жрепката на Европското првенство ја смести репрезентацијата на Словенија во групата Ц каде ќе игра против Англија, Данска и Србија. Групата која им припаѓаше на Словенците беше оценета како тешка, а тоа го потврди и нивниот селектор Матјаж Кек, кој исто така испрати малку заканувачка порака до ривалите откако ја виде реакцијата на дел од нив кога натписот на неговата репрезентација беше извлечен.
„Неодамна игравме против сите три репрезентации од групата. Не е лесно и Словенија не е фаворит во неа. Мора да бидеме свесни и за нашиот квалитет, добро да се подготвиме за натпреварите. Не гледам кој мотив може да биде поголем од противниците кои ги извлековме. Ги знаеме сите, сите нас не знаат“, рече Кек и додаде:
„Англичаните отсекогаш биле малку премногу за нас, игравме со Данците пред неколку дена (пораз 1:2), Србите не посрамотија лани (1:4 во Белград), но некако им се вративме. во Љубљана (2:2).Пред нас се многу предизвици“.
Кек додаде дека ќе води тим кој ќе сака да постигне добар резултат, а потоа заклучи:
„Од една страна ми одговара што не сме фаворити. Видов како некои луѓе се смешкаат откако Словенија беше извлечена во групата, би можеле ќе зажалат. Ќе направиме се за да биде така“.
Спорт
Потпретседателот на Српската федерација: Им кажав на Хрватите и Албанците „само вие да ни се паднете“

Српската фудбалска репрезентација на Европското првенство ќе се натпреварува во Германија.
На вчерашната ждрепка Србија се падна во групата со Англија, Данска и Словенија. Потпретседателот на Српскиот фудбалски сојуз Бранислав Недимовиќ по ждрепката изјави дека сакал Србија да игра против Хрватска и Албанија, но желбата не му се исполнила.
„Искрено, ја сакав групата Б во која се Шпанија, Албанија и Хрватска. Во саботата наутро на сите, вклучително и на претставниците на Албанија и Хрватска, им реков: ‘Само вие да ни се паднете’… Но, добро, мојата желба не се исполни“ ги пренесува зборовите на Недимовиќ српскиот портал „Телеграф“.
Тој смета дека Србија има пристојни шанси ако добро се подготви.
Спорт
Навивач на Нант избоден со нож во грб во дербито на лигата

Навивач на францускиот прволигаш Нант беше убиен во саботата во судир со навивачите на Ница пред натпреварот од француското првенство.
Нант објави дека еден од нивните навивачи бил избоден повеќе пати. Лекарите се обиделе да му помогнат, но не успеале и тој починал.
Престижниот француски спортски весник „Екип“ пишува дека тој бил член на озлогласената навивачка група на Нант која ги собира најжестоките навивачи. Клубот соопшти дека починатиот навивач имал 31 година и дека бил прободен од зад грб.
Истрагата е во тек.
Според некои медиуми, насилникот прво побегнал пред да оди во полициска станица кон крајот на вечерта. Сослушувањата на сведоците се во тек и се очекува да продолжат, рече истиот извор.
Натпреварот заврши со победа на Нант со 1:0. Ница остана на втората позиција, додека Нант е на осмото место на табелата во Лига 1.