Спорт
Миовски во тимот на месецот во Ла Лига
Бојан Миовски, напаѓачот на Џирона, се најде во идеалниот тим на месецот во Ла Лига. Миовски заедно со соиграчот Брајан Хил блесна во малото каталонско дерби. Џирона го победи Еспањол со 4:1, а Миовски постигна два гола и заблежа една асистенција.
За она што го одигра во ноември во дресот на Џирона, македонскиот репрезентативец доби просечна оценка 7,50. Покрај него и Хил, во тимот на месецот се најде и нивниот соиграч Иван Мартин.
🇪🇸 La Liga Team of the Month pic.twitter.com/3ORNfiEQbE
— WhoScored.com (@WhoScored) December 2, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џенова го отпушти Виера
Поранешниот француски репрезентативец Патрик Виеира повеќе не е тренер на Џенова, објави во саботата клубот кој моментално е последен во Серија А.
Од почетокот на новата сезона, Џенова освои само три бода во три нерешени натпревари и шест порази, што е нивниот најлош почеток на сезоната.
За среќа, по девет кола во Серија А има дури четири клуба кои сè уште не знаат за победа, па работите сè уште можат да се поправат.
Виеира ја презеде Џенова во ноември 2024 година откако Алберто Џилардино беше отпуштен. Тој го презеде тимот кога беше 17-то место на табелата, а на крајот од сезоната ги доведе до 13-то место. Иако се шпекулираше дека Рома и Интер го сакаат, тој ова лето потпиша нов договор до летото 2027 година.
Виеира е легендарен француски играч од средниот ред со 107 настапи за „Триколорите“, со кои го освои светското првенство.
Тој ја заочна тренерската кариера во 2016 година, а дотогаш ги водеше младинските тимови на Манчестер Сити. Пред италијанскиот клуб ги тренираше Њујорк, Ница, Стразбур и Кристал Палас.
Спорт
„Формата на Салах не е добра веќе три сезони“
Минатиот викенд, Мохамед Салах ја прекина серијата без голови што траеше повеќе од еден месец. Беше стрелец во поразот од Брентфорд.
Кризата на формата се совпаѓа со лошите резултати на целиот тим. „Црвените“ беа елиминирани од Лига купот од Кристал Палас во средата.
Емил Хески, поранешен напаѓач на Ливерпул, се осврна на формата на Салах.
„Да, тој не е во форма, но има одреден пад што е неизбежен како што стареете. Секој во триесеттите години почнува да покажува мал пад. Нема да биде огромен, бидејќи тој е голем професионалец и многу добро се грижи за себе. Не мислам дека ова е нешто ново. Не е ненадејно, се случува веќе две или три сезони“, рече поранешниот англиски репрезентативец и додаде:
„Имаше натпревари во кои тој претежно не играше добро, но успеваше да постигне гол, а ние го игнориравме остатокот од натпреварот. Без разлика дали беа еден или два гола, гол од пенал или лесен гол на крајот од натпреварот. Кога ќе постигнеше гол заборававме дека играта не му беше на ниво. Сега сме во ситуација каде што во последниот период не постигна голови ниту прави разлика на теренот. Сега покажуваме со прст кон него, а тоа не е нов феномен“, рече Хески.
Спорт
Меѓу 20-те најплатени во Шпанија, дури 18 се од Реал и Барселона
Меѓу 20-те најплатени фудбалери во Примера, има дури 18 играчи се од двата најголеми клуба, Реал и Барселона, 11 од кралскиот клуб и седум од каталонскиот клуб, плус по еден од Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.
Најголема плата во Шпанија има напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе. Неделно заработува околу 600.000 евра, што на месечно ниво изнесува речиси два и пол милиони евра.
Покрај францускиот ас, Реал е застапен со: Давид Алаба, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам, Родриго, Трент Александар-Арнолд, Федерико Валверде, Тибо Куртоа, Антонио Ридигер, Едер Милитао и Едуардо Камавинга.
„Седумката“ од Барселона ја предводи Роберт Левандовски, се наоѓа на делбата од третото до шестото место, а покрај Полјакот, тука се и Френки де Јонг, Ламин Јамал, Рафиња, Марк-Андре тер Штеген, Жил Кунде и Маркус Рашфорд.
Преостанатите двајца се голманот и капитенот на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак и ѕвездата на баскискиот тим, Нико Вилијамс.
🚨 The Highest Paid Players in La Liga, according to Capology. 📈🤑
No surprise that Real Madrid and Barcelona DOMINATE this list. 🇪🇸 pic.twitter.com/FhlLZDOM2G
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 30, 2025

