Спорт
Млад навивач на Јунајтед го замолил Клоп да престане да победува
Младиот навивач на Манчестр јунајтед, 10-годишниот Дарах Карли, го замолил Јирген Клоп, Ливерпул да престане да победува. Тренерот на „црвените“ одговорил на писмото што го добил од Карли.
Како што пишуваат англиските медиуми, 10-годишното момче писмото го напишало како дел од школска задача.
„Ливерпул бележи премногу победи. Доколку победите на уште девет натпревари, ќе ја имате најдолгата серија во англискиот фудбал. Бидејќи сум навивач на Јунајтед, тоа ме прави тажен. Во молам, загубете го наредниот меч. Само ќе треба на вашиот противник да му дозволите да постигне гол. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите Лигата или барем да не победувате повеќе“, му порачал младиот Карли на тренерот на Ливерпул.
Jürgen Klopp received a letter from this 10-year-old Manchester United fan asking them to stop winning games.
Here’s how the Liverpool manager responded ?? pic.twitter.com/nJxSGzuYpr
— FourFourTweet (@FourFourTweet) February 20, 2020
Карли и неговите родители биле изненадени кога на домашната адреса стигнал одговор од Клоп.
„За жал, не можам да ја исполнам твојата желба. Колку и да сакаш Ливерпул да загуби, мојата работа е да направам сè што можам тимот да победи бидејќи постојат милиони луѓе во целиот свет што го посакуваат тоа. Не сакам да ги изневерам. За твоја среќа, губевме натпревари во минатото и сигурен сум дека такви работи ќе се случуваат и во иднина. Проблемот кога имаш 10 години е што мислиш дека работите секогаш ќе бидат исти како што се сега. Јас со моите 52 години можам да ти кажам дека тоа не е така. Кога го прочитав писмото што ми го испративте, со сигурност можам да ви кажам дека една работа нема да се смени – вашата страст кон фудбалот ќе остане. Јунајтед е среќен што ве има. Се надевам дека ќе забележиме уште победи и дека ќе освоиме некој трофеј и дека тоа тебе нема да те разочара. Иако нашите клубови се ривали, тие се почитуваат. Тоа е она што е најважно во фудбалот“, напишал Клоп.
Ливерпул е прв во Премиер лигата со 76 поени, дури 22 повеќе од Манчестер сити. Тимот на Клоп нема пораз, забележал 25 победи и само еднш одиграл нерешено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.