Спорт
Младите фудбалери на Канатларовски на проверка против БиХ

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги стартува подготовките за новиот циклус квалификациите кој почнува во март следната година. Селекторот Драган Канатларовски има на располагање нова генерација која ќе одигра два контролни дуели против селекцијата на Босна и Херцеговина.
Првиот тест овие две селекции ќе го одиграат денеска на стадионот во Ѓорче Петров, со почеток од 17 часот.
„Имаме нова генерација на млади фудбалери која поседува квалитет, почнуваме да ја подготвуваме за следниот квалификациски циклус што почнува во март. Треба да извлечеме голема поука од претходниот циклус. Да корегираме се што беше негативно, а позитивните работи да ги прифатиме и да продолжиме со напорната работа. Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех од претходната, повеќето фудбалери ги имаат поминати сите млади селекции на Македонија, се познаваат, што е добар знак пред почетокот на квалификацискиот циклус. Од старт почнуваме заедно, се надевам дека ќе имаме успешни квалификации”, изјави Канатларовски.
Втората контролна средба меѓу Македонија и БиХ е закажана за 12. јуни. Натпреварот ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ од Вимблдон за „Макфакс“: Имав добри подготовки и се надевам дека можам далеку да дотуркам

На воведната прес конференција, пред да почне тенискиот турнир во Вимблдон, минатогодишниот победник и прв носител оваа година на турнирот, Новак Ѓоковиќ, одговори и на две прашања на известувачот на Макфакс и Топспорт од Вимблдон, Ненад Живановски.
Запрашан дали оваа година доаѓа под зголемен притисок бидејќи нема освоено ниеден Гренд Слем и дали поради тоа овој Вимблдон е за него императивен да го освои, повеќе од било која титула од претходните шест, Новак одговори:
-Точно е дека ова година немам освоено ниеден Гренд СЛЕМ, и доаѓам на Вимблдон без таква сигурност. Но тоа не ги менува многу работите, се чувствувам дека моите подготовки поминале слично како и минатите години. Секако доколку имате освоено еден или два Гренд Слема пред Вимблдон, ќе имате повеќе самодоверба на теренот. Се надевам на најдобро на турнирот и ако го започнам добро, како минатите две-три години, мислам дека можам далеку да дотуркам-одговори Ѓоковиќ.
На патот до финалето, како можен противник во четвртфиналето му стои најголемата млада звезда, Шпанецот Алкараз, од кого загубил во полуфиналето на мастер турнирот во Мадрид. Дали може да препознае променливост во играта на младиот тенисер кога игра во два добиени сетови, и мечеви на грендслемовите како на последниот Роланд Гарос, кога натпреварот се игра во три добиени сетови.
-Алкараз е играч кој ја одбележи оваа година заедно со Надал со фантастичните резултати. Поради неговиот играчки стил, повеќе му одговараат подлоги кои се поспори. Затоа што е доста млад, тој немал многу можност да игра на Вимблдон, така што верувам дека од година во година ќе напредува и на оваа подлога бидејќи има таков менталитет, квалитет и талент. До евентуалното четвртфинале, тој и јас мораме да добиеме доста добри противници, така што за тој дуел ќе зборуваме кога до него ќе дојде. Но факт е кога се игра на Гренд Слемови во три добиени сетови, ситуацијата и пристапот во мечот е сосема поинаков бидејќи во два добиени сетови се поприлично брзо се одигрува, а овдека можете да се вратите во мечот и по два изгубени сета, што често беше случај во мојата кариера. Алкарас е уште млад и има уште доста време тоа да го научи, изјави Новак Ѓоковиќ за Макфакс.
Ненад Живановски
Спорт
Вајналдум бара излез од ПСЖ и гледа кон Премиерлигата

Холандскиот интернационалец Џорџинио Вајналдум сака да замине од ПСЖ по само една сезона помината во Париз. Тој не беше главна опција на Маурисио Почетино во средниот ред и не сака да го ризикува својот статус во репрезентацијата на Холандија во пресрет на Светското првенство.
Иако Почетино дефинитивно нема да биде веќе тренер на ПСЖ и многу веројатно дека функцијата ќе ја преземе Кристоф Галтие, Вајналдум би сакал да се врати во Премиерлигата.
Тој дојде како слободен агент од Ливерпул, а сега би можел да се врати во Њукасл, Евертон или Вест Хем, барем како позајмен играч за претстојната сезона.
Спорт
Гвардиола го купува Жоао Феликс во Манчестер Сити

Англискиот првак Манчестер Сити, откако го ангажираше Ерлинг Халанд, планира да направи уште еден голем трансфер ова лето за да го засили нападот. „Граѓаните“ сакаат да го доведат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, тврди „Си-Ен-Ен Португалија“.
На менаџерот Пеп Гвардиола многу му се допаѓаат квалитетите на 22-годишниот Португалец и е подготвен да работи со него. Тој е изберан да ги замени Габриел Жесус и Рахим Стерлинг, кои се очекува да го напуштат „Етихад“ до крајот на преодниот рок.
Габриел Жесус е на прагот на трансфер во Арсенал, додека Стерлинг има понуда од Челси.
Атлетико Мадрид е подготвен да преговара за продажба на Жоао Феликс, но ќе се согласи само доколку добие понуда во опсег од 80 милиони евра. Манчестер Сити очекува клубот да добие и повеќе пари од продажбата на двајцата споменати офанзивци.