Спорт
ММА: Најбрзиот нокаут во историјата на РИЗИН е брутален!

Сумо-борачот Цујоши Сударио покажа неверојатна бруталност и малку милост за својот веќе победен противник откако на РИЗИН ФФ 27 во неделата го нокаутира Казуши Мијамото за само шест рунди и продолжи да го удира додека овој беше на подот.
Контроверзиите во Нагоја почнаа кога 23-годишниот Сударио, по нокаутот, продолжи да го удира противникот, а реагираа и од аголот на Мијамото по што почна мешаница, а реагира и тренерот на Сударио, поранешниот ММА-фајтер, Енсон Инуе.
Сепак, во јапонски стил, Инуе објасни дека кога се смирила ситуацијата, тој лично отишол да му се извини на тимот на Мијамото, кој го прифатил извинувањето.
Records being broken left and right!
Sudario breaks the record for the fastest KO in RIZIN history, scoring a 6-second KO win against Miyamoto!
Stream the last 4 fights here:
🇺🇸 https://t.co/Mi4AiMpNGQ @livenowglobal
🇯🇵 https://t.co/KeydVIWlMN#RIZIN27 #RIZIN #MMA pic.twitter.com/mO1Z0IVX5u
— RIZIN FF English (@rizin_English) March 21, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса е највреден фудбалски клуб на светот, Јунајтед испадна од топ 3

Барселона го претекна вечниот ривал Реал Мадрид како највреден клуб на светот на годишната листа која ја објавува магазинот „Форбс“, додека Манчестер јунајтед го загуби третото место од европскиот и светски шампион Баерн Минхен.
Каталонците, кои се мачат со својот огромен долг од над милијарда евра, според „Форбс“ вредат фантастични 4.76 милијарди долари, за 10 милиони повреден од Реал Мадрид, додека Баерн сега се трети со 4.22 милијарди долари вредност.
И покрај тоа што шпанските гиганти постојано се највредните на светот, зачудува што во топ 10 има дури шест премиерлигаши. Покрај Манчестер јунајтед, сега четврти, тука се и Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Арсенал и Тотенхем, покажувајќ дека не се потребни титули за да се заработуваат многу пари во фудбалот.
ФОРБС ЛИСТА НА НАЈВРЕДНИ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ
1.Барселона 4.76 милијарди $
2.Реал Мадрид 4.75 милијарди $
3.Баерн Минхен 4.22 милијарди $
4.Манчестер јунајтед 4.2 милијарди $
5.Ливерпул 4.1 милијарди $
6.Манчестер сити 4 милијарди $
7.Челси 3.2 милијарди $
8.Арсенал 2.8 милијарди $
9.Пари Сен-Жермен 2.5 милијарди $
10.Тотенхем 2.3 милијарди $
Спорт
Медведев: Зарем КОВИД ќе исчезне за една недела?

Светскиот рекет број 2, Русинот Данил Медведев вели дека е бизарна одлуката да се одложи стартот на Франција опен една недела, велејќи дека тоа нема да има никаква врска во земјата која е погодена од „третиот бран“ на корона вирусот.
Франција по третпат воведе „локдаун“ минатата недела во обид да се намали бројот на заразени, со полициски час од 19 часот до 6 часот наутро, по што организаторите на Ролан Гарос, Француската тениска федерација (ФФТ) го одложи турнирот за една недела со старт на 30 мај.
„Навистина сум изненаден. Каква врска има ако играме една недела подоцна. Ти дава чувство дека за една недела ќе исчезне КОВИД. Не сум сигурен дека нешто ќе се смени и навистина е смешно. Не ја критикувам федерацијата, туку самата ситуација“, вели Медведев.
Спорт
Златан ги прекршил КОВИД правилата, го „отворил“ ресторанот на пријателот

„Ла газета дело спорт“ тврди дека Златан Ибрахимовиќ вчера ги прекршил правилата за КОВИД-19 во Италија и дека го очекува казна.
Градот Милано е во „црвената“ зона во Италија, што значи дека сите ресторани се затворени, но Ибрахимовиќ го надминал ова ограничување со тоа што го убедил својот пријател, газдата на ресторанот Тано Симонато да го отвори за него и за неговиот пријател, поранешниот дефанзивец Игнацио Абате.
Газдата делумно ја потврдил приказната.
„Ибра, Игнацио и уште еден близок пријател дојдоа да ме видат и бевме таму неколку часа и потоа си заминаа дома. Вечера? Не, ние сме пријатели и нормално е да се видиме од време на време кога не сме се виделе долго време. Не ручаа, испивме по една чаша вино“, вели Симонато.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш