Спорт
Модриќ најстариот играч во Ел класико, Јамал најмладиот дебитант

Реал Мадрид денеска гостуваше во Барселона во најголемиот натпревар на шпанскиот фудбал.
На крајот, Реал победи со 2:1, со головите на Џуд Белингем, стрелец на голот за Барселона беше Илкај Гундоган. Двајцата играчи дебитраа во Ел класико.
Лука Модриќ го одигра 500. натпревар за Реал и собори еден рекорд. Кога Модриќ влезе на теренот во 63.минута стана најстариот фудбалер кој некогаш играл на Ел Класико.
Рекордот претходно го држеше поранешниот голман на Реал, Пако Бујо, уште еден голем играч во историјата на Реал кој во сезоната 1995/1996 година, имаше 38 години и 28 дена.
Исто така Ламин Јамал стана најмладиот дебитант во историјата на Ел класико. Крилниот напаѓач дебитираше со 16 години и 107 дена.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На Вирц ќе му беше подобро во Баерн отколку во Ливерпул

Ливерпул реди победи на стартото на новата сезона, но Флоријан Вирц сè уште не убедил никого дека англиските шампиони направиле добар потег кога решија да го ангажираат.
Германскиот репрезентативец пристигна на „Енфилд“ ова лето за 116 милиони фунти (100+16 бонуси), што е околу 135 милиони евра.
Очекувањата се големи, но 22-годишниот играч од средниот ред се соочи со тежок почеток во Ливерпул.
Очигледно е дека сè уште не го пронашол својот ритам. Иако беше стартер во повеќето натпревари, тој запиша само една асистенција без да постигне гол.
Секако, не се гледа сè преку статистика, но првите натпревари предизвикуваат загриженост за неговата адаптација на фудбалот во Премиер лигата.
Во вторникот, во победата над Саутемптон во Карабао Лига Купот, Арне Слот одлучи да го одмори Вирц за прв пат и го остави надвор од составот.
Познато е дека Флоријан Вирц избраше помеѓу Баерн и Ливерпул ова лето. Тој се одлучи за Ливерпул, а легендата на Баварците и германскиот фудбал, Карл-Хајнц Румениге, смета дека погрешил:
„Морам искрено да кажам, сè уште ми е жал за Флоријан Вирц бидејќи мислам дека би му било подобро во Баерн отколку во Ливерпул“, рече поранешниот ас на Баерн.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алонсо: Ако не сме конкурентни, нема да останам во Формула 1

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека ќе му биде тешко да се пензионира од Формула 1 на крајот од 2026 година ако тимот не е конкурентен следната сезона.
Договорот на 44-годишниот двоен шампион истекува на крајот од следната година, а Алонсо рече дека размислувал да ја напушти Формула 1.
„Ако работите одат добро, мислам дека е многу добро време да престанам бидејќи бркам конкурентен болид и се тркам конкурентно многу, многу години и ако го постигнам тоа, тоа ќе биде многу добар начин да ја завршам кариерата“, рече Алонсо, според Астон Мартин.
„Да речеме дека ако сме конкурентни, имам поголеми шанси да застанам. Ако не сме конкурентни, ќе биде многу тешко да застанеме без уште еден обид“, додаде шпанскиот возач, како што објави Би-Би-Си.
Алонсо ги освои титулите во 2005 и 2006 година возејќи за Рено, а не победил на трка од 2013 година, кога триумфираше на трката во Шпанија возејќи за Ферари.
Алонсо беше второпласиран три пати во четири години во Ферари, а во 2010 и 2012 година беше пет и четири бода зад шампионот Себастијан Фетел од Ред Бул, и покрај тоа што возеше послаб болид.
Во 2014 година, тој се пресели во Мекларен, чии мотори на Хонда беа најлоши во конкуренцијата во тоа време.
На крајот од 2018 година, тој се повлече од Формула 1, по што триумфираше на 24 часа Ле Ман и на Светското првенство во издржливост, а учествуваше и на Индијанаполис 500 и на релито Дакар.
Во 2021 година, Алонсо се врати во Формула 1 со тимот Алпин, од каде што се пресели во Астон Мартин две години подоцна. Тој имаше добар почеток таа сезона, завршувајќи на подиумот шест пати во првите осум трки, кога тимот почна да паѓа во перформансите.
Оваа сезона, Астон Мартин е седми во шампионатот на конструктори, а Алонсо е 14-ти во пласманот на возачи, два бода и три позиции зад колегата Ленс Строл.
Сопственикот на „Астон Мартин“, Лоренс Строл, инвестираше многу во тимот во последните години, легендарниот дизајнер Адријан Њуи, кој го напушти Ред Бул, пристигна во тимот во март.
Алонсо рече дека ја гледа 2026 година, кога ќе бидат воведени нови правила за моторот и шасијата, како можност и бил импресиониран од своите први искуства со работа со Њуи.
„Тој е неверојатна личност и сите во тимот учат од него“, додаде Алонсо.
Шпанецот е убеден дека тимот сега ги има сите предуслови за врвни резултати.
„Борбата на Астон Мартин за титули е повеќе или помалку загарантирана во иднина, имаме сè што ни е потребно за да се бориме за светската титула. Потоа, за да ја завршиме работата и да ја освоиме титулата, потребни ви се и некои надворешни фактори, потребна ви е помош од конкурентите, потребна ви е малку среќа“, додаде Алонсо.
Првенството во Формула 1 продолжува на 5 октомври со Големата награда на Сингапур.
Спорт
Мициќ сезонава ќе заработи богатство, има плата од 5,6 милиони долари

Евролигата влезе во ера на супер богати договори – платите на кошаркарите достигнуваат нивоа што до неодамна изгледаа незамисливи. Најновата листа на веб-страницата „Eurohoops“ открива дека за место меѓу десетте најплатени, потребно е да се заработат речиси три милиони долари нето годишно.
На самиот врв е Василије Мициќ, кој по враќањето од НБА потпиша рекорден договор со Хапоел Тел Авив.
Трофејниот српски плејмејкер ќе инкасира 5,6 милиони долари по сезона, со напомена дека преку договорот добил и дел од сопственоста на клубот. Вкупната вредност на тригодишниот договор се проценува на 14 милиони евра нето, што го прави најплатениот играч во историјата на европската кошарка.
Веднаш зад него е играчтот на Панатинаикос, Кендрик Нан, чија нова плата е 5,3 милиони долари, додека третото место му припаѓа на Саша Везенков од Олимпијакос со 4,1 милиони.
На листата се наоѓаат и Шејн Ларкин (3,75 милиони, Анадолу Ефес), потоа Џанан Муса, кој ги удвои своите приходи на 3,5 милиони со преселбата во Дубаи, како и францускиот репрезентативец Еван Фурние (3,2 милиони, Олимпијакос).
Свое место во елитниот круг најдоа и Матијас Лесор (3,2 милиони, Панатинаикос), Костас Слукас (3,1 милион, Панатинаикос) и Мајк Џејмс, кој сè уште го држи статусот на НБА ѕвезда во Монако со три милиони долари, иако падна на деветтата позиција.
Листата ја затвораат двајца кошаркари со идентични приходи: Еди Таварес од Реал Мадрид и Елајџа Брајант од Хапоел, двајцата со 2,7 милиони долари.