Спорт
Модриќ: Мораме да му покажеме на Сити дека сме Реал Мадрид, најдобриот тим во светот

Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ вели дека Реал Мадрид „никогаш не се предава“ и за тоа сведочи историјата во Лигата на шампионите. „Кралевите“ се најтрофениот клуб во елитното европско клупско натпреварување и веруваат дека можат да стигна до ново финале.
Во првиот полуфинален натпревар во Манчестер, Сити победи со 4:3. Сепак, Модриќ вели дека Реал има реални шанси за пласман во финалето.
„Знам дека можеме да се вратиме. Не одигравме најдобро на првиот натпревар, но, сепак, постигнавме три гола. Мораме подобро утре, и сигурен сум дека ќе бидеме подобри”, изјави Модриќ на прес – конференција.
Тој вели дека Реал мора да излезе на теренот со верба, енергија, карактер и агресивност.
„Мораме да покажеме дека сме Реал Мадрид, најдобриот тим во светот. Историјата на клубот е во наша корист. Никогаш не се откажуваме. Овој клуб не учи на тоа кога ќе дојдеме овде“, додаде тој.
Реал Мадрид утре ќе го пречека Манчестер Сити во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а натпреварот е закажан за 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.
Спорт
Куртоа апсолутен рекордер во Лигата на шампионите

Тибо Куртоа, заедно со Карим Бензема и стрелецот на единствениот гол во финалето, Винисисус жуниор го обележа патот на Реал до 14.титула европски првак.
Белгиецот заклучно со нестварните девет одбрани во финалето против Ливерпул, сезоната ја заврши со 59 одбрани, што е апослутен рекорд во Лигата на шампионите.
Тој забележа осум чисти одбрани, како и на осминафиналето со Пари Сен Жермен, односно во реванш полуфиналето против Манчестер Сити.
Тоа е она што на крајот не се гледа, но клучно е Реал што Реал успеа секој пат да се извлече од тешките ситуации. .
Од неговите вечерашни одбрани допрва ќе се прават компилации.
Главни ќе бидат оние оние од 21. минута против Мане, односно 69. и 82. минута, кога магично ги запре ударите на Мохамед Салах.
Спорт
Куртоа херој – Реал ја освои европската титула

Фудбалерите на Реал Мадрид 14.пат во клупската историја ја освоија титулата во Купот/Лигата на шампионите. Во 66.финале, Реал на стадионот Франција, го победи Ливерпул со 1:0 (0:0).
Реал, во најголемиот дел од натпреварот беше во подредена положба, но на голот го имаше брилијантниот Тибо Куртоа, кој имаше девет интервенции, четири од нив беа чисти шанси за гол.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 59.минута кога Винисусис жуниор го постигна единствениот гол на натпреварот.