Спорт
Мојс со Вест Хем го победи „својот“ Евертон – Голот на Соучек доволен за триумф

Евертон и Вест Хем го одигра првиот натпревар во 2021 година, во англиската Премиер лига. На Гудисон парк, славеа гостите од Лондон, на чија клупа седи поранешниот тренер на Евертон, Дејвид Мојс.
Натпреварот во Ливерпул не понуди многу возбудувања, Евертон најдобрата шанса ја имаа во финишот на првиот дел преку Бернард, додека Вест Хем се заканија во 61.минута, кога ударот на Кресвел заврши над голот.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Соучек во 86.минута. За чешкиот репрезентативец ова е петти гол во сезоната.
Вест Хем со оваа победа се искачија на 10.место со 26 бода, додека Евертон со првиот пораз во последните шест натпревари остана на четвртото место со 29 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лазаров нема критики за Египет: Ние сме задоволни, мора да се пофалат организаторите

За разлика од другите ракометни ѕвезди, кои имаа низа на забелешки и критики кон организаторите на Светското првенство во Египет, македонскиот капитен Кирил Лазаров вели дека е презадоволен од условите и вели дек аорганизаторите треба да бидат пофалени.
„Презадоволен сум што сум во Египет. Се работи за прекрасна земја, и горд сум што играм тука со националниот тим, бидејќи за мене ова е вторпат да сум тука по 1999 година. Знам дека некои луѓе многу ги коментираа работите околу пандемијата и незадоволството од играње на ракомет во вакви услови, но јас видов само добра организација. Знаеме дека сме во поинаква ситуација поради корона вирусот и организаторите можат да добијат само пофалби бидејќи работат 24 часа на шампионатот. Хотелот во кој престојуваме е одличен, секој втор ден не тестираат и ние немаме проблеми“, вели Лазаров во интервју за официјалниот веб-сајт на шампионатот.
Тој признава дека по двата тешки порази од Шведска и Египет не е задоволен, но дека ќе се борат до крај.
„Никогаш не е убаво да се загуби со голема разлика, но дојдовме тука да се бориме. Верувавме во чудо, но не игравме на потребното ниво. Не знам што носи иднината, но сега уживам во моментов и не е време за одлуки. Нашата репрезентација е млада и нема искуство, а сега ни е важен мечот со Чиле за да одиме во главната рунда“, додава Лазаров.
🇲🇰 Macedonian Legend Lazarov: Egypt is doing a great job, I’m glad to be here#Egypt2021 | @LazarovKiril7
— Handball Egypt2021 (@Egypt2021EN) January 17, 2021
Спорт
Јовиќ се врати – во Реал два гола во 32 меча, во Ајнтрахт два гола за пола час!

Ајнтрахт Франкфурт стигна до 3:1 победа над Шалке во меч од 16. коло од Бундеслигата, меч кој го одбележа враќањето на српскиот напаѓач Лука Јовиќ во составот на „орлите“, и тоа какво враќање – со два гола!
Откако во Реал Мадрид во 32 меча постигна два гола, за достигнување на цифрата со Ајнтрахт му беа потребни помалку од едно полувреме. Франкфурт водеа со 1:0 со голот на Андре Силва во 28. минута, но веќе следната минута Метју Хопи израмни на 1:1 за Шалке.
Тогаш на сцена стапи Јовиќ. Откако влезе во игра во 62. минута, во 72. минута успеа да го врати водството на Ајнтрахт, за во финишот на натпреварот, во 92. минута да постигне уште еден гол за да го прослави враќањето во Бундеслигата како позајмен фудбалер.
Luka Jovic scores 10 minutes into his return to Frankfurt. What a perfectly executed finish. Not many strikers are as lethal in the box as Jovic. He will easily be one of Europe’s best strikers, whether at Real or somewhere else. pic.twitter.com/NXvQuSsujM
— TR (@TacticalRole) January 17, 2021
LOOK AT THE TOUCH AND FINISH JOVIC SECOND GOALL AHHHHHHH pic.twitter.com/F97YwZgvfG
— ❄️🇨🇦 ³⁴ (@DrTahha) January 17, 2021
Спорт
Хрватите во второто полувреме ја „скршија“ Ангола

Хрватската ракометна репрезентација, која има улога на еден од фаворитите на Светското првенство во Египет, втор меч едноподруго се наоѓа во ситуација да се мачи со реално послаб противник, откако им беше потребно добро второ полувреме за 28:20 победа над Ангола.
По сензационалното реми со Јапонија во првото коло, во кое Хрватите се спасуваа од пораз, европскиот вицешампион се намачи и со претпоследната репрезентација од минатиот Мундијал, водејќи со само гол разлика по првите 30 минути пред, сепак, во второто полувреме да стигне до победа со високи +8.
Бразил по ремито со Шпанија, повторно дозволи во второто полувреме Тунис да се доближи и на крајот да извлече 32:32 реми, додека Аргентина се пласираше во втората рунда со 24:21 победа над Бахреин.
СП РАКОМЕТ, ЕГИПЕТ 2021
ГРУПА А
Зеленортски Острови – Германија 0:10 службено
Унгарија – Уругвај 20.30 ч.
Табела: 1.Германија 4, 2.Унгарија 2, 3.Уругвај 0, 4.Зеленортски Острови 0
ГРУПА Б
Тунис – Бразил 32:32 (20:16)
Полска – Шпанија 20.30 ч.
Табела: 1.Полска 2, 2.Бразил 2, 3.Тунис 1, 4.Шпанија 1
ГРУПА Ц
Катар – Јапонија 31:29 (15:16)
Ангола – Хрватска 20:28 (11:12)
Табела: 1.Катар 4, 2.Хрватска 3, 3.Јапонија 1, 4.Ангола 0
ГРУПА Д
Аргентина – Бахреин 24:21 (12:10)
ДР Конго – Данска 20.30 ч.
Табела: 1.Аргентина 4, 2.Данска 2, 3.ДР Конго 0, 4.Бахреин 0
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира