Спорт
Монако го шутна Нико Ковач
Францускиот прволигаш Монако му врачи отказ на хрватскиот тренер Нико Ковач, тврди француската новинска агенција АФП откако на руските газди на клубот им дојде преку глава од слабите резултати на клубот.
Поранешниот тренер на Баерн Минхен го презеде Монако од Роберто Морено во јули 2020 со тригодишен договор, со опција за уште една година, и лани ги предводеше до третото место во лигата зад шампионот Лил и Пари Сен-Жермен, но беше елиминиран бргу во Лигата на шампионите и во моментот е на шестото место во Лига 1 со 17 поени заостанување зад ПСЖ.
Покрај ова, според француските медиуми, во соблекувалната на клубот имало тензии и токсична атмосфера и јавен конфликт меѓу 50-годишниот тренер и капитенот Висам Бен Једер.
Ковач го предводеше Баерн до двојна титула во 2019 година, а претходно работеше и во Ајнтрахт Франкфурт и беше хрватски селектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…
Спорт
Арне Слот преговара со Ливерпул
Ливерпул напорно работи да го најде наследникот на Јирген Клоп, а последен кандидат е Арне Слот. Тренерот на Феенорд бележи одлични резултати со холандскиот тим кој го привлече вниманието на великанот од „Енфилд“.
Феенорд, сезонава е на второто место во првенството, додека лани беше шампион, минатиот викенд го освои трофејот во Купот на Холандија.
Според добро информираниот Фабрицио Романо, веќе е остварен контакт помеѓу Слот и Ливерпул, а преговорите се движат во позитивна насока.
Наскоро се очекуваат нови разговори
Исто така, нема откупна клаузула во договорот на Слот со Феенорд, па холандскиот тим ќе бара обештетување за да му дозволи на тренерот пред време да го заврши договорот.
Истото се случи минатата година, кога Слот преговараше со Тотенхем, но не беше постигнат договор меѓу двете страни.
Спорт
Тајрис Мекси „најмногу напредувал“
Тајрис Мекси од Филаделфија Севентисиксерс најмногу напредувал оваа сезона. Мекси, во изборот за оваа награда, во која гласаат 100 претставници на медиумите, доби вкупно 319 поени, само 14 повеќе од второпласираниот Коби Вајт од Чикаго Булс.
Третото место му припадна на турскиот центар Алперен Шенгун од Хјустон Рокетс, на кого шансата да ја добие наградата му ја уништи повредата, поради која ја заврши сезоната месец и половина порано од останатите.
Минатата година, честопати заменувајќи го Џејмс Харден во стартната петорка, Мекси навести експлозија во неговата четврта сезона во НБА.
По заминувањето на Харден во ЛА Клиперс, а особено по повредата на Џоел Ембид, Мекси стана прва опција во нападот на Филаделфија. Сезоната ја заврши со просек од 25,9 поени, 3,7 скока и 6,2 асистенции. За прв пат беше избран и за Ол-стар натпреварот.
Со доделувањето на оваа награда, НБА почна да ги објавува сите индивидуални награди за оваа сезона, вечерва ќе го прогласи најдобриот шести играч, утре најдобар клач, а викендот најдобар тренер на лигата.
Следната недела следува прогласување на најдобриот дебитант и одбранбен играч, а кулминација е прогласувањето на МВП и првата петорка на лигата.