Спорт
„Морнарот“ Урош Луковиќ е МВП на 15 коло во АБА (видео)

Кошаркарот на Морнар од Бар (Црна Гора), Урош Луковиќ е прогласен за најкорисен МВП кошаркар на 15 коло во регионалната АБА лига.
Луковиќ во саботата го предводеше Морнар до победа против словенечка Приморска со 99-84 со 16 поени, 6 скока, 3 асистенции и 1 украдена топка. За 22 минути на паркетот собра индекс на корисност – 31.
По бројот на поени, во 15-тото коло се истакна играчот на Мега Бемакс, Кендрик Пери со 31 поен, а според бројот на реализирани скокови прв беше Жига Димец од Приморска, оствари 13 скока.
Најдобар меѓу асистентите со 10 точни додавања е Мајкл Грин од Игокеа, а најдобар „крадец“ е Марин Розиќ од Цибона со 5 украдени топки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафа Бенитез е блиску до договор со АЕК

Откако ја пропушти оваа сезона, Рафаел Бенитез е подготвен да и се врати на тренерската работа. „Марка“ тврди дека европскиот шампион со Ливероул, од наредната сезона ќе го предводи АЕК од Атина.
АЕК ќе се раздели со Аргентинецот Матијас Алмеида на крајот од сезоната и активно бара негова замена, а Бенитез се чини дека е најблиску до клупата на жолто-црните.
Наводно, Бенитез неодамна имал состанок со спортскиот директор на АЕК, Хавиер Рибалта, кој му презентирал идеи за следната сезона.
АЕК би имал корист од искуството на Бенитез. Шпанецот, меѓу другото, предводел гиганти во кариерата: Реал, Ливерпул, Валенсија и Наполи.
Шпанските тренери со години оставаат сериозен белег во грчкиот фудбал. Тој тренд го започна Ернесто Валверде, кој освои три титули и две Куп титули со Олимпијакос.
Но, тука е и Мишел Гонзалез кој двапати беше шампион и еднаш го освои Купот, исто така со Олимпијакос. Потоа Маноло Хименез, кој беше шампион со АЕК.
Секако, најсвеж пример е Хозе Луис Мендилибар, кој во 2024 година со Олимпијакос беше шампион и ја освои Конференциската лига.
Се очекува одлуката на Бенизет да биде објавена во наредните недели. Последната тренерска работа на Бенитез беше во Селта Виго, која ја водеше во сезоната 2023/24.
Спорт
Финале на Лига Европа: сламка на спасот за англиските давеници

Вечерва ќе се одигра првото од трите финалиња во натпреварувањата кои се во организација на УЕФА. Лига Европа ќе биде првата што ќе го даде победникот. Во фналето ќе играат Манчестер јунајтед и Тотенхем, најголемите разочарувања во Премиер лигата оваа сезона.
Чудна сезона е зад Манчестер јунајтед и Тотенхем, во Премиер лигата беа веднаш над зоната за испаѓање, додека на европската сцена се борат за трофеј.
Поради тоа влогот во ова финале е огромен. Победникот не само што ќе го освои трофејот, туку и ќе избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Манчестер јунајтед е единствениот клуб без пораз во сите три европски натпреварувања, а во полуфиналето убедливо го победи Атлетик Билбао со вкупен резултат од 7:1 (3:0, 4:1). И Тотенхем стигна до финалето со две победи против норвешкиот Боде/Глимт од 5:1 (2:0, 3:1).
Манчестер јунајтед играше во финалето на Лига Европа двапати: во 2017 година победи против Ајакс (2:0), а во 2021 година загуби од Виљареал (1:1, пенали – 10:11).
„Ако ја освоиме Лига Европа луѓето ќе гледаат на нашиот тим на поинаков начин, бидејќи освојувањето на европски трофеј важна работа. Ништо нема да ја промени нашата сезона, сите го знаат тоа, но освојувањето на титулата на европско натпреварување ќе ни помогне да го стекнеме тоа чувство што ќе ни помогне да ја создадеме иднината“, рече менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим.
Португалецот за „Скај Спортс“ откри дека Лени Јоро, Диого Дало и Џошува Зиркзе ќе бидат во конкуренција за настап во финалето.
Тотенхем играл во финалето на Купот на УЕФА три пати во минатото, двапати победил (1972, 1984) и еднаш загубил (1974).
„Тотенхем играше финале во Лигата на шампионите, но трофеј не е освоен од 2008 година. Освојувањето на трофејот, тоа е она што најмногу значи сега“, заклучи тренерот Ангелос Постекоглу за кого вечерашното финале ќе биде 100. натпревар на клупата на Тотенхем.
Капитенот и лидер на тимот, Сон ќе биде подготвен за финалето, додека младиот Лукас Бергвал нема да игра поради повреда.
Финалниот натпревар ќе се одигра Билбао (Шпанија) на стадионот „Сан Мемес“ со почеток во 21 часот.
Спорт
(Видео) Жестока тепачка меѓу англиските навивачи пред финалето на Лига Европа

Финалето на Лига Европа, во кое Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе играат за титулата во 21 часот, доби жестока увертира.
Натпреварот се игра на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао, а во Сан Себастијан, на еден час возење, дошло до тепачка меѓу навивачите.
Според англиските медиуми, ситуацијата на улицата ескалирала по меѓусебните навреди меѓу двете групи што се сретнале таму.
Очевидци наведуваат дека тепачката избувнала кратко пред 21:30 часот, а сè резултирало со хаос во кој биле фрчеле боксови и летале шишиња, столчиња и маси.
Неколку локални полициски патроли пристигнале на местото на настанот по пријавувањето за тепачка и брзо воспоставиле ред. Испратена биле и брза помош, чии вработени им пружиле помош на неколку лица на лице место.
Tottenham vs Manchester United in San Sebastian tonight! 💥🇪🇸 pic.twitter.com/wm6G2VVkCf
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) May 20, 2025