Спорт
Мурињо го убеди Крис Смолинг да се вакцинира
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, успеал да го убеди англискиот дефанзивец Крис Смолинг да се вакцинира за Ковид-19 за да може да продолжи да игра во Серија А.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед беше еден од 10-тината фудбалери во Серија А кои уште не се вакцинирани, но од оваа недела, според италијанскиот закон само тие со барем една вакцинација можат да влезат во соблекувална на фудбалски стадион, односно да играат во Серија А, Серија Б или Серија Ц.
Според „Скај спортс“, Смолинг се согласил да добие вакцина утре, за да може да игра против Милан в четврток. Мурињо претходно на прес-конференција изјави дека клубот очекува сите да бидат вакцинирани.
„Знам дека тоа се приватни работи и фудбалерите имаат право за заштита на својата приватност. Неколку фудбалери имаа ковид минатата недела и побараа приватност и го почитувавме тоа. Но, правилата се правила, а законите се закони, и во моментов италијанската влада направи таква одлука и таа мора да се почитува исто така“, изјави Мурињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бекер: Новак, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25-та Гренд Слем титула

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, се сомнева дека Србинот некогаш ќе стигне до 25-та Гренд слем титула.
Бекер гостуваше во подкастот, кој го води со Андреа Петковиќ, меѓудругото рече дека 2026 година вероајтно ќе биде последна во кариерата на Ѓоковиќ.
„Тој игра против Синнер или Алкараз и не знае колку долго ќе трае неговата кариера на Гренд слем турнирите. Ова е прв пат отворено да зборуваме за 2026 година како негова последна кога станува збор за четирите најголеми турнири“, рече Бекер, додавајќи:
„Тој спомена дека сè уште може да се натпреварува со најдобрите, тоа е вистина, но зошто сè уште игра тенис? Да ги освои Рим и Монте Карло или 25-та титула на Гренд слем? Мислам дека е второто. Верувам дека не може да го постигне тоа, со оглед на возраста и силата на помладите играчи.“
Во 2025 година, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на сите четири Гренд слем турнири, но не успеа да се бори против водечкиот дуо на светскиот тенис.
Тој ја освои 100-та титула во кариерата (турнирот во Женева) и со тоа стана првиот играч кој кренал барем еден трофеј 20 години по ред.
Спорт
Панатинаикос го отпушти Руи Виторија

Португалскиот стручњак Руи Виторија повеќе не е тренер на Панатинаикос, објави клубот од Атина.
„Ти благодараме Руи. Ти посакуваме се најдобро во следната поглавје од твојата кариера“, се вели во објавата на Панатинаикос објавено на социјалната мрежа „Икс“.
Виторија (55) доби отказ по лошиот влез во сезоната. Панатинаикос освои само еден бод во првите две кола од грчкото првенство.
Следниот викенд, Панатинаикос го пречекува Олимпијакос во најголемото дерби на грчкиот фудбал, а клубот подоцна ќе објави кој ќе го наследи Виторија на клупата.
Претходно, атинските зелени беа елиминирани од Глазгов Ренџерс во квалификациите за Лигата на шампионите, но успеаја да се квалификуваат во главната фаза во Лига Европа.
Во второто најсилно европско клупско натпреварување, Панатинаикос ќе игра против Јанг Бојс, Го Ахед Иглс, Феенорд, Малме, Штурм, Викторија Пилзен, Ференцварош и Рома.
Спорт
Руни: Јунајтед нема лидер, Мегваер мора да биде стартер

Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, верува дека тренерот Рубен Аморим мора да врати искусен играч во тимот за да го реши проблемот со недостатокот на лидерство што беше очигледен во поразот во градското дерби.
Тимот на Аморим беше лошо поразен од Манчестер Сити со 3:0 во неделата, а резултатот само го продолжува лошиот почеток на сезоната за „Црвените ѓаволи“, пишува „Дејли Мејл“.
Јунајтед забележа само една победа во првите четири кола од Премиер лигата, а доживеа и понижувачка елиминација од Карабао Купот од Гримсби. Руни, најдобриот стрелец во историјата на клубот, го гледа недостатокот на лидери на теренот како клучен проблем и верува дека Хари Магваер би можел да ја реши таа ситуација.
Зборувајќи во емисијата „Вејн Руни Шоу“ на Би-Би-Си, тој праша зошто Магваер падна во втор план во оваа сезона. Против Сити, Аморим се одлучи за Лени Јоро, Матијс де Лихт и Лук Шо во одбрана од тројца играчи, додека Мегваер влезе од клупата на „Етихад“ дури во 62-та минута.
„Хари треба да биде во почетниот состав“, рече Руни. „Го слушнав Џими Флојд Хаселбејнк како зборува за тоа и колку на Англија ѝ недостигаше Хари Мегваер на Европското првенство, бидејќи тој е лидер. Седам размислувајќи како може да биде во тимот кога се игра во систем со тројца во задната линија. Тој треба да биде таму, на Јунајтед им недостига лидер.“
Руни се согласи со поранешниот капитен на Јунајтед, Рој Кин, во неговата критика за недостатокот на страст кај играчите во дербито. Натпреварот заврши без ниту еден жолт картон.
„Можеш да изгубиш на „Етихад“, но не видов ниту еден старт – дури ни кога резултатот беше 2:0, 3:0. Не видов никого да каже „знаеш што, нема да го трпам ова“ и да добие жолт картон или да направи жестпк фаул“, рече Руни.
„Таа страст, таа желба. Тоа продолжува и продолжува. Сакам да бидам што е можно попозитивен и да ги поддржувам тренерот и играчите, но многу е тешко да седам тука и да кажам дека гледаме напредок или дека гледаме работи што ќе донесат резултати во блиска иднина.“