Контакт

Спорт

Мурињо, сепак, добил отказ поради резултатите, а не Суперлигата

Објавено пред

Иако повеќе англиски и меѓународни извори тврдеа дека Жозе Мурињо добил отказ од Тотенхем поради неговото спротиставување на проектот за Европската Суперлига, сите извори од клубот го демантираат тоа и тврдат дека слабите резултати се главната причина, а не одбивањето да оди на тренинг.

Новинарот Фабрицио Романо, „гуруто на трансферите“ и човек кој секогаш има точни информации од големите тимови јасно го покажа тоа.

„Отказот за Жозе Мурињо не е поврзан со Суперлигата. Тој не одбил да излезе на тренинг. Отказот е поради резултатите и ништо друго“, вели Романо.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Самите Тотенхем во своето соопштение напишаа малку.

„Жозе и тренерскиот тим беа со нас во моменти кога имавме многу предизвици. Жозе е вистински професионалец. На лично ниво уживав во заедничката работа и жалам што работите не завршија како што посакувавме. Тој секогаш ќе биде добредојден тука“, стои во изјавата на претседателот Даниел Леви.

Тренерот на академијата, 29-годишниот Рајан Мејсон ќе го води привремено тимот, вклучувајќи го и во финалето на Лига купот против Манчестер сити во недела. Мурињо ќе добие отштета од околу 20 милиони фунти и првпат си заминува од еден клуб без да освои трофеј.

„Специјалниот“ бил против Суперлигата – Даниел Леви му врачи отказ

Спорт

Кејн бара трансфер, Сити, Јунајтед и Челси веќе го контактирале!

Објавено пред

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хери Кејн, уште еднаш побарал од клубот да замине ова лето, а со неговите претставници веќе контактирале од премиерлигашките ривали Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челси, тврди британскиот „Скај спорт“.

Кејн неколкупати оваа сезона изјави дека би сакал да се бори за најголемите трофеи и по кошмарната сезона на Тотенхем, излезот според „Скај спорт“ е повеќе од веројатен.

Кејн би сакал да остане во Премиер лигата, што остава простор за Сити, Јунајтед и за Челси да почнат со наддавање за услугите на англискиот капитен пред Европското првенство ова лето. Кејн би сакал ситуацијата да се реши пред првенството.

Кејн е најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола досега, а исто така е лидер и по бројот на асистенции со 13, но уште нема освоено ниту еден трофеј, со два пораза во Карабао-купот и еден во Лигата на шампионите.

Бидејќи неговиот договор трае до летото 2024 година, Тотенхем има простор да преговара за висок, а можеби и рекорден трансфер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ди Канио се потсмева со Рома и Мурињо: Навивачите веќе мислат дека освоија тројна титула

Објавено пред

Поранешниот напаѓач на Лацио, Паоло ди Канио, не го криеше разочарувањето што лутиот ривал Рома се реши да го ангажира Жозе Мурињо потсмевајќи се дека некои од навивачите на „волчицата“ веќе мислат дека ги освоиле сите титули.

Во мај тој имаше неверојатен напад на Мурињо оценувајќи го како „најлошиот тренер во историјата“, а сега повторно инсистира дека Португалецот едноставно направи многу грешки последните месеци.

„Кога Рома го објави Мурињо, добив 300 пораки од мои пријатели кои се навивачи на Рома. Можев да ги слушнам само како врескаат. Но, има вистина во моите коментари. Тој направи премногу грешки во последните години. Да, освои многу со Интер, но тоа беше пред 10 години. Некои од моите пријатели мислат дека веќе ја освоиле тројната титула. Лудо е да се каже дека на Мурињо му оди добро во последните години, тој доби многу откази бидејќи не донесе резултати“, вели Ди Канио.

Ди Канио: Рома го донесе најлошиот тренер

Прикажи повеќе...

Спорт

Барнли со бесплатни билети за последното коло, Тотенхем ќе наплаќа 60 фунти!

Објавено пред

Последните кола од Премиер лигата нема да носат возбуди за шампионот, ниту за тие што ќе опстанат во лигата, односно останува да се определат уште местата за Лигата на шампионите, а ќе биде специјално по тоа што првпат по пандемијата на коронавирусот, сите 20 клуба ќе имаат шанса да ги пречекаат домашните фанови на еден натпревар.

Колку ќе ги чини тоа фановите?

Барнли, на пример, на своите навивачи нема да им наплаќа за билетите и наместо тоа, ќе одреди лотарија за тоа кој ќе може да го гледа мечот против Ливерпул, додека Тотенхем бара највисоки во лигата 60 фунти за мечот со Астон вила.

Шампионот Манчестер сити имаат втори најскапи билети – од 24 до 53 фунти за мечот со Евертон, а ниту тие на Вест хем нема да поминат евтино – од 17 до 51 фунта. И Вулверхемптон се одлучи за скапи билети – од 40 до 45 фунти против Манчестер јунајтед, а фановите на Ливерпул за борбата со Кристал палас ќе мора да платат 45 фунти. Манчестер јунајтед, пак, на своите лути фанови ќе им дозволи да бидат на стадионот против Фулам за 30 фунти.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија3 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија3 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа3 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија6 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија9 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет10 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија10 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет10 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет12 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа13 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет13 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет14 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет14 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Досие