Спорт
Мурињо тактиката за Јувентус ја утврдува со помош на дрон
Тренерот на Рома, легендарниот Жозе Мурињо преку социјалите мрежи се пофали со дронот со кој го анализира движењето и формацијата на неговиот тим на тренинзите.
Рома објавија видео на Мурињо како работи со техничарот на дронот, со кого потоа добива видео од движењето на неговиот тим на тренинзите.
„Ова е фудбал, ова е тренинг, ова е работа. Не се забавуваме“, напиша Мурињо на социјалните мрежи.
Работата со дронот е новина која на тренинг-центарот во Тригорија ја донесе Мурињо. Следниот меч на Рома е неделното дерби со Јувентус.
Overseeing things on AND off the pitch ?
?? | #ASRoma pic.twitter.com/cfODKJAJ5G
— AS Roma English (@ASRomaEN) October 12, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шахин е соочен со отказ, Тен Хаг ќе ги преземе „милионерите“
Борусија Дортмунд е во катастрофална форма. Како и секогаш, цехот најверојатно ќе плати тренерот, во овој случај тоа е Нури Шахин. Медиумите тврдат дека претстојниот натпревар против Болоња во Лигата на шампионите ќе ја одреди судбина на Шахин на клупата на Борусија.
Клупските челници, според германските медиуми, веќе работат на овој случај. Прв пик за нов тренер е Ерик Тен Хаг. Поранешниот менаџер на Манчестер унајтед минатата недела бил во Дортмунд, а многумина тврдат дека тој не дошол само да го гледа тренингот на „милионерите“, туку се сретнал и со клупските челници.
Покрај за тен Хаг, клубот е заинтересиран и за Себастијан Хенес, но Штутгарт нема да го пушти, а неговата откупна клаузула е осум милиони евра.
Тен Хег работеше како тренер во Б тимот на Баерн во периодот кога Пеп Гвардиола ги водеше Баварците, па не му е непознат германскиот фудбал.
Доколку Дортмунд доживее пораз од Болоња и го загрози пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите, не е невозможно Тен Хаг до крајот на неделава да биде именуван во нов тренер.
Спорт
Аморим е во право, ова навистина е најлошиот тим на Јунајтед во историјата
Кризата на „Олд Трафорд“ не стивнува. Манчестер јунајтед трет пат во низа е поразен од Брајтон на домашен терен, на последните шест натпревари Јунајтед има четири порази, три од нив се на домашен терен.
Манчестер јунајтед по 22.коло се наоѓа на 13. место со 26 поени. Претходниот пат „ѓаволите“ беа послабо рангирани по 22 кола во сезоната 1989/90, кога беа на 15. место со 24 бода.
„Навистина ми е жал што навивачите страдаат. Можеби сме најлошиот тим во клупската историја“, изјави тренерот Рубен Аморим, кој на клупата на Манчестер јунајтед претрпе седум порази на 15 натпревари.
Навивачите на Манчестер јунајтед можеби се загрижени поради тоа што Португалецот најави уште потешки денови.
„Нема да го менувам начинот на игра. Јасно ми е дека играчите ќе страдаат и жал ми е што ќе страдаат и навивачите, но нема да се откажам од идејата со која дојдов овде. Имам начин да постигнам резултати, но мора да го преживееме овој момент – изјави Рубен Аморим.
Сепак, навивачите на „црвените ѓаволите“ можат да заборават на прогнозата на Аморим дека Јунајтед би можел да испадне од Премиер лигата. Можеби ќе паднат уште неколку места до крајот на сезоната, но позициите за промоција во Чемпионшип се чини веќе се резервирани.
Спорт
Дукати го претстави Дезмоседичи за 2025
Тимот на Дукати, во Мадона ди Кампиљо, го претстави новиот нотоцикл за сезоната 2025. За Дукати ќе возат Марк Маркез и Франческо Бањаја.
Во споредба со минатата сезона, овогодинешниот Дезмоседичи претставува еволуција на претходните модели, а во однос на изгледот нема речиси никакви измеми, преовладува црвената боја со примеси на црна.
Дукати остана без титула минатата сезона, барем што се однесува до фабричкиот тим, бидејќи Хорхе Мартин го победи Франческо Багнаја и стана првиот шампион во Мото ГП што ја освоил круната како возач на приватна екипа – Прамак. Шпанецот ја префрли својата единица во Априлија, на која и се приклучи по освојувањето на титулата, а на негово место дојде Маркез.
И покрај тоа што не ја одбрани титулата, Бањаја имаше одлична сезона во која забележа 11 победи на 20 трки. Сепак, грешките што ги направи, особено во спринтот, придонесоа Мартин да победи.
Осумкратниот светски првак, Марк Маркез ги бранеше боите на Гресини Дукати и го освои третото место на шампионатот. За Шпанецот, тоа беше првпат да заврши во Топ 3 од 2019 година, кога ја освои својата последна титула.
Пред Дукати, Трехаус, Априлија и Гресини ги покажаа своите адути за за новата сезона.
Овогодинешниот шампионат започнува со Големата награда на Тајланд.