Спорт
Сопругата на Руни за неговите неверства: Беше неприфатливо, но му простив

Колин Руни, сопругата на легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни, првпат јавно проговори за неговите многубројни неверства, оценувајќи го неговото однесување како „неприфатливо“, но додавајќи дека му простила.
Ова се дознава во трејлерот за документарниот филм на „Амазон“ со едноставен наслов „Руни“, во кој во детали ќе се зборува за животот и кариерата на 35-годишниот Англичанец.
„Знаев со какви групи на луѓе се дружи Вејн, и заедно со алкохолот… Не е добро. Му простив, но тоа беше неприфатливо“, вели Колин Руни, за скандалот во 2002, кога тој беше „фатен“ со три проститутки.
Вејн и Колин се заедно од нивната 16-та година, а се познаваат од својата 12-та година кога Руни играл фудбал против нејзините браќа во нивните дворови. Од 2008 година тие се во брак и имаат четири сина – 11-годишниот Каи, 8-годишниот Клеј, 5-годишниот Кит и 3-годишниот Кес. Руни признава дека скандалите го следат во кариерата.
„Луѓето уште ме гледаат на поинаков начин. Би сакал луѓето да се сеќаваат на тоа кој сум бил, наместо за работите кои сум ги направил“, вели Руни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кристијан Ериксен ќе паузира три месеци

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен нема да игра најмалку три месеци откако се повреди по грубиот старт на Енди Керол на натпреварот од ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Ридинг (3:1).
„Кристијан Ериксен ќе паузира подолг период поради повреда на зглобот заработена на победата над Ридинг во ФА Купот. Нашиот играч од средниот ред ја напушти играта во второто полувреме откако беше соборен од Енди Керол, а подоцна тој беше исклучен поради два жолти картони. Првичните проценки велат дека Ериксен ќе се врати кон крајот на април или почетокот на мај. Неговото отсуство е големо разочарување за тренерот Ерик тен Хаг и навивачите, со оглед на тоа што играше константно оваа сезона“, објави Манчестер Јунајтед.
Speedy recovery, @ChrisEriksen8 🙏#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) January 31, 2023
Спорт
Тотенхем успеа да го добие Педро Поро од Спортинг Лисабон

Челниците на Тотенхем успеаја да го обезбедат трансферот на Педро Поро. Откако Спортинг Лисабон се согласи на договор, тоа ќе биде позајмица до крајот на сезоната со задолжително откупување од 40 милиони евра.
Сепак, тука не е крајот на добрата работа на лондонскиот клуб во последниот ден од преодниот рок. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, склучен е договор со Атлетико Мадрид, па Мет Доерти вториот дел од сезоната ќе го помине со „јорганџиите“ како позајмен играч од Лондон.
Ирецот не е првиот избор на Конте на позицијата крај десната аут линија каде предност има Емерсон Ројал, а сега пристигна и Педро Поро.
Спорт
Баерн Минхен го претстави Жоао Кансело

Португалскиот репрезентативец Жoao Кансело е нов фудбалер на Баерн Минхен. Тој дојде од Манчестер Сити на позајмица до крајот на сезоната.
До неодамна Кансело беше исклучително важен играч во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, но дојде до незадоволство кај фудбалерот откако беше резерва во тимот во изминатите неколку седмици.
Кансело има и откупна клаузула од 70 милиони евра која Германците ќе треба да ја платат доколку сакаат да го задржат и по завршувањето на сезоната.
🔴⚪ Hier mag euch jemand 𝓢𝓮𝓻𝓿𝓾𝓼 sagen! 👀✌️ #ServusJoão
🔗 https://t.co/Zl8900o30p#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/OppwjX5TW6
— FC Bayern München (@FCBayern) January 31, 2023