Спорт
Мурињо го убедли Костиќ да се пресели во Фенербахче
Српскиот фудбалер Филип Костиќ ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во турски Фенербахче.
Според добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо, Фенербахче и Јувентус постигнале договор, Костиќ до крајот на сезоната да игра како позајмен играч во Фенербахче, а турскиот клуб ќе може на крјот од сезоната да го откупи неговиот договор.
Костиќ имал сериозни разговори со Галатасарај, на крајот сепак ја прифатил понудата од Фенер откако имач долг разговор со Жозе Мурињо.
Во Фенербахче игра неговиот колега од репрезентацијата Душан Тадиќ, а со неговиот трансфер само ќе се зголеми балканската колонија. Дресот на фенер го носата Босанецот Един Џеко и Хрватот Доминик Ливаковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Туван го лансираше Удинезе на челната позиција во Серија А
Фудбалерите на Удинезе со пресврт победија во Парма со резултат 3:2 (0:2) и по четвртото коло се искачија на челната позција на табелата во Серија А.
Парма на полувреме имаше предност од два гола, но победата ја однесоа гостите од Удине.
Дел Прато во втората минута им донесе предност на домашните, додека Бони ја удвои во 43. минута. Во двете ситуации, словенечкиот стопер Јака Бијол реагираше многу слабо.
А потоа во паузата на „Енио Тардини“ се се смени и „зебрите“ одиграа сосема поинаку отколку во првите 45 минути.
Најпрвин Лука веќе во 49. минута ја намали негативата на гостинскиот тим, а потоа на сцена стапи Флоран Туван.
Французинот најпрвин го израмни резултатот во 68. минута, а во 77. погоди за 3:2.
Парма во 73.минута остана со играч помалку, поради два жолти каротни Кеита беше исклучен.
Удинесе со три победи и еден нерешен резултат ја предводи Серија А со 10 поени, еден повеќе од Наполи и два повеќе од Интер, Јувентус и Торино.
Спорт
„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“
Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, нема дилема кој е најдобриот на сите времиња.
Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Тој ја има таа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.
На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.
„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.
Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари наменети за најдобриот во генералниот пласман.
Спорт
„Ѓоковиќ гоат? Лудо е да се дискутира за тоа“
Руската тенисерка Дарија Касаткина проговори за „големата тениска тројка“ во која се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Таа истакна дека тројцата немаат конкуренција, прво рече дека не можат да ги споредуваат Рафаел Надал и Карлос Алкарас, но дека единственото нешто што им е заедничко е тоа што двајцата се од Шпанија, а потоа беше прашана за „големата тројка“.
„Тие тројца се недостижни“, рече Касаткина, по што брзо беше прашана дали Новак е чекор понапред.
„Знаете, кога некој има идол, го сака без разлика на резултатите и дали се споредливи и во мојот случај, бидејќи почнав од детството“, рече Русинката чиј идол е Рафаел Надал и продолжи:
„Објективно, гледајќи ги резултатите, Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, лудо е да се дискутира за тоа. Се друго е прашање на вкус“.