Спорт
Мурињо учи германски, се надева на покана од Баерн
Баерн Минхен, во саботата загуби во Леверкузен (3:0), на табелата има пет поени помалку од Баер и извесно е дека по 11 години ќе остане без титулата во Бундес лигата.
Доколку Баерн остане без шампионската титула јасно е дека тренерот Томас Тухел ќе добие отказ.
Германските медиуми веќе започнаа да лицитираат со името на неговиот наследник. Во некои комбинации за нов тренер на Берн е и Жозе Мурињо.
Португалецот е слободен откако пред неполн месец доби отказ од Рома.
Иако на маса има понуди од Саудиска Арабија, медиумите пренесуваат дека Мурињо чека покана од Минхен.
„Почна да учи германски. Претходно флертуваше со клупските челници. Би бил подготвен“, изјави Кристијан Фалк, новинарот на Билд на ТВ Велт.
Инаку, Мурињо во 2018 година имаше изјава, во свој стил, со која индиректно навести дека имало „флерт“ со Баерн.
„Можев да бидам во друга земја, да ја имам титулата во џеб во лига што ја освојуваш уште пред да започне“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Леганес ќе донира по 100 евра за настраданите во поплавите за секој километар што ќе го истрчаат фудбалерите
За секој километар што ќе го претрча фудбалерите на Леганес утре на натпреварот против Севилја, клубот ќе донира по 100 евра за настраданите од поплавите на југоистокот на Шпанија.
„Леганес ќе донира по 100 евра за секој претрчан километар на нашите играчи, така што напорите на теренот ќе послужат нешто поголемо од победа“, најави претседателот на клубот Џеф Луноу.
„Сакаме да го покажеме нашето единство со луѓето од Валенсија и дека не постои дистанца што може да ги раздвои луѓето“, додаде тој.
Леганес, прволигаш од предградието на Мадрид, претходно собра 200 тони хуманитарна помош откако неговите навивачи, вработени и поддржувачи донесоа храна, облека и други потреби.
Најмалку 219 лица загинаа, а по околу 80 се трага, кога пред десетина дена силниот дожд поплави многу места. Куќите се под вода и кал, а многу луѓе останаа без имот во најголемата природна катастрофа во Шпанија во последните децении.
Фудбалскиот клуб Валенсија, чија провинција најтешко страдаше, затоа го одложи саботното гостување во Барселона кај Еспањол, додека претходно не играше ниту против Реал Мадрид.
Бројни клубови во Шпанија се приклучија да им помогнат на настраданите. Европскиот шампион Реал Мадрид донираше еден милион евра за помош на бројни семејства во критична ситуација.
Водечкиот тим на шампионатот, Барселона, исто така испраќа финансиска помош и дополнително организира аукција на потпишани дресови на клубот, парите ќе одат за настраданите.
„Сите се со Валенсија“,порачаа од Бетис откако во провинцијата Валенсија испрати камион исполнет со собрана помош и парична донација од 100 илјади евра. Фудбалерите на второлигашот Леванте од Валенсија со лопати в раце чистат кал од улиците на опустошените подрачја откако им беше одложен натпреварот.
Фудбалските натпревари во Шпанија ќе започнат со едноминутно молчење во чест на жртвите, исто како што започнаа ширум Европа оваа недела на меѓународните натпреварувања.
Спорт
Асвел потпиша со екс играч на Оклахома
По повредата на Едвин Џексон, Асвел брзо реагираше и донесе засилување пред двојното коло од Евролигата.
Асвел потпиша краткорочен договор со 32-годишниот крилен играч Андре Роберсон, кој ја започна сезоната во Шоле и имаше просек од 12,2 поени, 5,4 скока и 2,8 асистенции во првенството на Франција.
Роберсон има богато НБА искуство најмногу како играч на Оклахома од периодот кога за овоаа франшиза играа Кевин Дурент, Расел Вестбрук и Џејмс Харден. Дресот на Оклахома го носеше од 2013 до 2020 година. година.
По епизодите во Бруклин Нетс и развојната лига (Џи-лига), тој се одлучи да се пресели во Европа.
Вечерва Асвел игра со Фенербахче, потоа следува меч од домашното првенство со Нантер, а наредната недела се дуелите со потоа судири со Олимпијакос и Црвенз звезда.
Спорт
Слот за повредата на Жота: Тоа е приватна работа
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот не е изненаден од добриот старт во новата сезона и истакнува дека бил многу свесен за силата на тимот што го наследил од Јирген Клоп.
Од 16 одиграни натпревари, Ливерпул победи на 14, има едно реми и еден пораз. На „Енфилд“ се надеваат дека и по саботниот дуел со Астон Вила ќе останат на врвот на табелата во Премиер лигата.
„Не можам да кажам дека сум изненаден, тоа не е добар збор, бидејќи ја знаев силата на овој тим уште пред да дојдам. Но, квалитетот е едно, конзистентноста е сосема друго“, изјави Слот на прес-конференцијата во петокот.
„Понекогаш ви треба и малку среќа. Поголемиот дел од резултатите сезонава беа заслужени, но некои можеа да имаат и поинаков исход. Кога почнав да работам со тимот, видов колку труд вложуваат за да ги постигнат овие резултати“, додаде Холанѓанецот.
Слот потврди и дека се уште не може да смета на Диого Жота кого не го очекува на теренот пред крајот на ноември. Жота се повреди на 20 октомври на дуелот со Челзи. Сепак, тој не сакаше да објасни за што се работи:
„Тој ќе се врати на првиот или вториот натпревар по репрезентативната пауза. Тоа е приватна работа“.
Ливерпул во сабота од 21 часот ја пречекува Астон Вила.