Спорт
Мустафи заминува во Рома
Рома и Арсенал се договориле за трансферот на Шкодран Мустафи. Поранешниот германски репрезентативец наредната сезона ќе ја мине во Рома како позајмен играч.
Мустафи стана вишок во Арсенал кога во тимот пристигна Давид Луиз од Челси. Поради тоа, челниците на клубот во договор со менаџерот Унаи Емери решија да го испратат на заем.
Според „Газета дело спорт“, по завршувањето на сезоната, Рома ќе може да го откуши неговиот договор за 25 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јувентус ја продолши лошата серија, загуби од Лацио
Фудбалерите на Лацио го победија Јувентус со 1:0 во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна хрватскиот фудбалер Тома Башиќ, кој беше стрелец во деветтата минута од натпреварот. Тоа беше неговиот прв гол по 907 дена.
Со оваа победа, Лацио скокна на 10-то место со 11 бода, додека Јувентус остана осми со еден бод повеќе.
Екипата на Игор Тудор на тој начин продолжи со серија од осум последователни натпревари без победа во сите натпреварувања, што е најдолгата таква серија во последните 16 години. Исто така Јувентус е во серија од четири натпревари без постигнат гол во сите натпреварувања.
Лацио, од друга страна, ја продолжи својата серија од четири натпревари без пораз.

Лацио поведе во деветтата минута. Башиќ го постигна голот по катастрофалната грешка на напаѓачот на Јувентус, Џонатан Дејвид, кој се обиде да ја врати топката кон својата одбрана со глава, но ја додаде директно до Данило Каталди.
Капитенот на Лацио веднаш ја препозна можноста и навремено го проигра Башиќ, кој шутираше по земја со левата нога од околу 20 метри. Топката отскокна од Федерико Гати и го измами голманот Матија Перин.
Foto/ EPA
Спорт
Доминантна победа на Норис во Мексико – Британецот сега е лидер во вкупниот пласман
Ландо Норис ја растури конкуренцијата и ја освои Големата награда на Мексико, кој во претпоследниот крууг за момент на прекина виртуелното возило за безбедност. Со оваа победа Норис ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман, има бод повеќе од тимскиот колега Оскар Пјастри кој финишираше на петтото место.
Викендот во Мексико ја донесе една од највозбудливите трки оваа сезона и прва победа на Мекларен по четири трки и прва победа за овој тим по 1989 година, кога слеваше легендарниот Аиртон Сена.
Норис победи со 30 секунди пред Шарл Леклер. Возачот на Ферари во последните кругови успеа да се одбрани од Макс Ферстапен.
Брилијантна трка возеше младиот Оливер Берман од Хас, стартуваше од деветтото, го освои четвртото место.
Неверојатно возбудливи беа првите десет круга, неколку возачи во тој период возе по тревата крај патеката, дирекцијата на трката отвори неколку истраги, на крајот настрада само Луис Хамилтон со казна од 10 секунди која му ја уништи трката, бидејќи во тој момент беше трет.
Бодови во Мексико освоија и Оскар Пјастри, двоецот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели и Џорџ Расел. односно Луис Хамилтон, Естебан Окон (Хас) и Габрел Бортолето (Заубер).
Во генералниот пласман Норис по шестата победа во сезоната има поен повеќе од Пјастри и 36 од Ферстапен.
Интересно е во борбата за второто место во конкуренција на конструкторите. Ферари сега е втор со поен повеќе од Мерцедес и десет од Ред Бул.
Наредната трка се вози во Бразил. Во Сао Паоло на програмата ќе бидат спринт и главната трка.
Foto/ EPA
Спорт
Тотенхем го победи Евертон – Спарс сега се трети на табелата
Во последниот натпревар од деветтото коло на Премиер лигата, Тотенхем славеше на гости кај Евертон. Спарс победија со 3:0. Тотенхем е првиот тим што славеше на новиот стадион на Евертон „Хил Дикинсон“.
Тотенхем со победата над Евертон се искачи на третата позиција на табелата во Премиер лигата.
Само лутиот ривал Арсенал, како и Борнмут се пред нив на табелата. Со 17 освоени бода, играчите на Тотенхем ги прескокнаа Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, како и тимот на Сандерленд.
До овој триумф ги предводеше Ван де Вен, кој вечерва постигна два гола. Првиотгол го постигна во 19-та, а вториот во 51-та минута од првото полувреме. Конечните 3:0 ги постави Папе Матар Сар во 89-та минута.

