Спорт
МЗТ го освои Суперкупот на Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/2309-mzt-skopje-feniks-00000.jpg)
Кошаркарите на МЗТ нова сезона ја отворија со триумф во Суперкупот. Во „Кале“, МЗТ го победи Феникс со 76:54 (19:15, 14:14, 27:15, 16:10).
МЗТ петти пат по ред, а вкупно шести пат во клупската историја го освои пехарот наменет за победникот во Суперкупот.
Против Феникс, пресуди подолгата клупа на екипата од Аеродром. Феникс имаа приклучок во првиот дел, по две четвртини заостанува четири поени, но немаа сили да го издржат ритамот што го наметна МЗТ во второто полувреме.
Решавачка беше третата четвртина, која МЗТ ја доби со 12 поени разлика. Во финишот на овој период бепе и решен победникот, кога МЗТ дојде до предност од 21 поен.
Војдан Стојановски со 13 и Седрик расел со 12 поени го предводеа МЗТ. Најефикасен играч на натпреварот беше Расел Шакур од Феникс со 18 поени.
Фото/ kfsm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Милиони за канадскиот кошаркар Мареј
Канадскиот кошаркар Џамал Мареј доби нов договор од Денвер Нагетс.
Соиграчот на Никола Јокиќ ќе добие 209 милиони долари од поранешниот шампион во НБА во следните четири години.
Тоа е максимален договор за поранешниот студент од Кентаки кој минатата сезоната имаше просек од околу 21 поен, 6 асистенции и 4 скока.
Мареј беше избран од Нагетс на драфтот во 2016 година од седмата позиција и во 2023 година беше дел од тимот кој стана шампион во НБА.
Спорт
Монако со ново засилување
Монако претстави ново засилување, а тоа е Вито Браун, поранешниот кошаркар на Пинар Каршијака.
Браун, кој ги покрива крилните позиции на центарот, потпиша двегодишен договор со тимот на Саша Обрадовиќ, а следната сезона во Евролигата ќе биде негово деби.
Досега имаше искуство само во европските натпреварувања во Лигата на шампионите на ФИБА.
Кариерата ја изгради преку развојната лига во Америка, а потоа замина во Европа, каде играше за Ле Ман, а потоа и за Реал Бетис.
Во Пинар Каршјак пристигна во 2022 година, каде запиша две солидни сезони. Во Лигата на шампионите на ФИБА, тој имаше просек од 13,3 поени со 4,6 скока.
Монако досега го доведе само Ник Калатес, но исто така направи добра работа во тимот бидејќи Мајк Џејмс и Џејрон Блосомгејм потпишаа нови договори.
Спорт
Англија со засилување
Бекот Лук Шо засилување за Англија во продолжението на Евро 2024 година.
В недела во Гелзенкирхен во осминафиналето Англиската селекција за противник ќе ја има Словачка.
Шо ги пропушти сите натпревари во групната фаза затоа што не беше во кондиција за настап, поради проблем со грбот, па од февруари беше надвор од терените.
Сепак, се чини дека сега се е во најдобар ред и дека на него ќе може да смета и селекторот Герет Саутгејт.
Кога играчот на Манчестер Јунајтед беше прашан дали е блиску до настап на турнирот, Шо им даде краток одговор – „во следниот натпревар“.
Ова секако е добра вест за Ерик тен Хаг и Манчестер Јунајтед, кои не можеа да сметаат на искусниот дефанзивец во вториот дел од сезоната.
Натпреварот меѓу Англија и Словачка се игра на 30 јуни од 18 часот