Спорт
На драфт се пријави синот на вториот највисок човек што играл во НБА лига (видео)
Бол Бол, син на легендарниот судански кошаркар, Мануте Бол се пријави на овогодинешниот НБА драфт што ќе се одржи на 20 јуни во Њујорк.
Синот на починатиот екс-кошаркар моментно игра на центарската позиција во Орегон Дикс, висок е 218 сантиметри и има 107 килограми, но е многу подвижен и екстра-шутер.
Неговиот татко, Мануте беше вториот највисок кочаркар кој заиграл во НБА. Висок бепе 231 сантиметри, а само еден милиметар повисок од него беше романскиот кошаркар, Ѓорѓе Мурешан.
Мануте Бол играше за Вашингтон, Голфен стејт и Мајами од 1985 до 1995 година. Додека играше во Вашингтон, соиграч му беше најнискиот играч во историјата на НБА, Магси Бокс. Понизок од Бол беше дури 71 сантиметар.
Мануте почина во 2010 година поради проблеми со бубрезите.
There was also a bit of blipping and clipping during the record thanks to some unwanted wires rubbing up against each other. Please accept our apologies and this picture of Manute Bol and Mugsy Bogues, then also the same picture but with ponies in it for some reason pic.twitter.com/l6vYdMvW3Z
— House of Fic (@HouseOfFicPod) March 26, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.