Контакт

Спорт

На Лукас Ернандез му се заканува затворска казна

Објавено пред

Францускиот репрезентативец Лукас Ернандез има време до 19. октомври да ги реши сите проблеми со законот. Ако не успее сето тоа да го реши до тогаш, му се заканува и затворска казна.

Мадридскиот суд му наложи на Ернандез доброволно да се јави во затвор за да ја одработи казната поради тоа што ја прекрши забраната за приближување до неговата поранешна партнерка.

Ова за Французинот е трет ваков прекршок, па судот ги одби досегашните жалби, а шпански „АС“ пишува дека фудбалерот за 6 дена ќе биде службено известен дека мора да оди во затвор на 6 месеци.

Единственото што може да го спаси е последната жалба, ако таа биде одобрена навреме, нема да мора ниту еден ден да помине во затвор.

Францускиот фудбалер пред 2 години потпиша договор со Баерн Минхен до летото 2025 година. Неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид доби отштета од 85 милиони евра. На тој начин стана најскапиот играч во историјата на клубот.

Спорт

Колапс на Вардар во второто полувреме и пораз од Кил

Објавено пред

Вардар успеа да го „фрли во вода“ фантастичното прво полувреме во кое Мартин Томовски блесна на голот, а Тимур Дибиров даде седум гола, за несфатливо да го загуби мечот со Кил со 26:29 за трет пораз во низа во ЕХФ Лигата на шампионите.

Користејќи го искуството на двете први ѕвезди на Кил, Сандер Сагосен и Штефен Вајнхолд, кои имаат КОВИД, „црвено-црните“ имаа супер прво полувреме. Томовски одбрани 10 од 20-те удари на неговиот гол, а Дибиров повторно доминираше во нападот, за предост од три гола, 13:10 по првите половина час.

Во второто полувреме, Вардар го оддржуваше темпото до 18:15, по што европските шампиони од 2020, предводени од Домагој Дувњак постигнаа пет гола без одговор, за да дојдат до водство од 20:18, кое не го испуштија до крајот на мечот.

Дибиров заврши со 10 гола, Домагој Дувњак имаше седум за Кил.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА А

ППД Загреб – Монпелје 22:25 (13:12)

Вардар – Кил 26:29 (13:10)

Фото: ЕХФ

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-37565”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Прикажи повеќе...

Спорт

Како Мети Кеш стана Матеуш Готовка

Објавено пред

Ѕвездата на Астон вила, Мети Кеш, откако реши да земе полско државјанство и од Англија да се „префрли“ на Полска доби и ново име – Матеуш Готовка!

Кеш, кој е роден во Слау, Велика Британија, минатата недела во полската амбасада во Лондон потврди дека отсега ќе игра за полската фудбалска репрезентација бидејќи неговата мајка е Полјачка, и се заблагодари на претседателот Анжеј Дуда за поддршката.

„Благодарам господине претседател. Вистинска чест е да се игра за Полска за мене и моето семејство. Ќе го дадам мојот максимум на теренот. Време е за нови предивици“, вели Кеш.

Кеш пропушти шанса да игра против Англија иако Полска е со нив во група, но веќе следниот месец може да дебитира на гостувањето кај Андора на 12 ноември, или (во новото) дома против Унгарија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Димитриевски и Фалкао со блесок за Рајо, нов „шамар“ за Барселона и Куман

Објавено пред

Позицијата на Роналд Куман како тренер на Барселона останува критична, откако на гостувањето во мадридското предградие загубија со 1:0 од Рајо Валјекано благодарение на колумбискиот ветеран Радамел Фалкао, но и на македонскиот репрезентативен голман, Столе Димтириевски, чија мрежа мируваше откако го одбрани пеналот на Мемфис Депај во 76. минута од мечот.

Рајо дојде во водство преку Радамел Фалкао, откако по грешка во средината на теренот, во 30. минута тој успеа да го надитри Жерард Пике и да го матира Марк-Андре Тер Штеген. Во второто полувреме, Барселона беше подобра, но не успеаја да дојдат до голот, пред во 76. минута да биде досуден пенал за гостите. Димитриевски го „прочита“ Депај и му го одбрани пеналот, по што го спречи и неговиот втор обид одбиената топка да ја смести во голот.

Резултатот го крева Рајо на петтото место на табелата со 19 поени, додека Барселона е само деветта со 16 поени.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

ЛА ЛИГА, 11.КОЛО

Рајо Валјекано – Барселона 1:0

Мајорка – Севилја 1:1

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија6 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет9 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија11 час

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија11 час

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија12 часа

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет13 часа

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион14 часа

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија14 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија15 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет15 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија1 ден

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија1 ден

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија1 ден

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет1 ден

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија1 ден

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија1 ден

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија1 ден

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Досие