Спорт
Француската Лига 1 се крати на 18 клуба, следна Серија А?

Француската Лига 1 е првата од топ 5 лигите во Европа која потврди дека ја намалува својата елитна дивизија од 20 на 18 клубови, со слични планови во италијанската Серија А во обид да се намали бројот на натпревари кој еден клуб ги игра.
Проширените европски натпреварувања, со најавите за уште повеќе мечеви во лигите на УЕФА, како и желбата за посилна конкуренција во помала лига ги предизвика ЛФП да потврдат дека во сезоната 2022/23 ќе испаднат четири клуба, а само два ќе влезат од Лига 1.
Клубовите од италијанската Серија А подолго време преговараат со можност за кратење на лигата од 20 на 18 клуба, и во моментов се подготвува детална финансиска анализа на ваквиот потег. Италијанската прва лига најдолго време беше една од тие кои инсистираа на мал број на клубови, со 16 или 18 клуба, пред проширувањето на 20 клуба во 2004/05, кога на ваков начин се избегна тужба од Катанија за нивното испаѓање, заедно со легалните проблеми од финансиските проблеми на Наполи и Козенца.
Премиерлигата нема намера да се откаже од своите 20 клубови, како и шпанската Ла лига, додека во Германија остануваат на проверениот систем на 18 клуба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија се намачи, но ја победи Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 на арената „Тодор Проески“ и со успех тргна во новите квалификации за пласман на ЕВРО 2024.
Првото полувреме не беше на потребното ниво, но во вториот дел Македонија сепак успеа да го скрши отпорот на гостите.
Елиф Елмас во 66.минута донесе водство откако упати силен удар од 15 метри, по асистенцијата на Бојан Миовски со глава.
Дарко Чурлинов шест минути имаше успешен соло пробив по десната страна, упати удар со левата нога во поблискиот агол и зголеми на 2:0.
Јаник Јанкам во 86.минута постигна погодок за 2:1, но тоа беше и конечен резултат.
Енис Барди во 90.минута ја погоди гредата од слободен удар, а во судиското продолжение селекторот Благоја Милевски доби црвен картон.
Спорт
Отказ за Нагелсман, Баерн го носи Тухел за нов тренер

Германскиот гигант Баерн Минхен одлучи да му даде отказ на тренерот Јулијан Нагелсман. Откако го загуби првото место на табелата во Бундеслигата, раководството на Баерн реши да се раздели со Нагелсман. Можеби малку изненадувачка одлука, но германските медиуми веднаш најавуваат и кој ќе го замени.
Томас Тухел, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, кој ја освои Лигата на шампионите со Челси, треба да биде нов тренер на Баерн Минхен.
Спорт
Пике: Фудбалот воопшто не ми недостига

Поранешниот дефанзивец на репрезентацијата на Шпанија и играч на Барселона, Жерар Пике, зборуваше за својот живот по завршувањето на кариерата. Шпанецот беше искрен и сподели дека фудбалот во моментов не му недостига.
„Не ми недостига фудбалот. Тоа е многу чудно чувство. Како да поминав цел еден живот и сега живеам сосема поинаку“, изјави Пике.
36-годишниот Шпанец ја заврши кариерата на 1 јануари 2023 година.
Дефанзивецот одигра 616 натпревари за Каталонците, на кои постигна 53 гола и забележа 15 асистенции.
Неодамна тој се раздели со сопругата Шакира и започна нова љубовна врска.