Спорт
На Тухел му е виновна Премиерлигата за поразот од Реал Мадрид

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, изјави дека недостатокот на свежина е клучниот момент што почувствувале неговите фусбалери минатата недела при поразот од Реал Мадрид (3:1) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. За тоа е виновна Премиерлигата која дозволува само три замени.
Трофејниот стручњак смета дека трите дозволени замени во најсилното англиско првенство се главниот хендикеп на лондонскиот клуб во однос на „кралскиот клуб“, кој може да смета на дури пет замени на натпреварите оваа сезона во Ла Лига.
„Се соочивме со голем физички проблем. Реал Мадрид има пет замени во текот на годината во Ла Лига, додека трите во Премиерлигата не чинат многу во Европа“, изјави Тухел во пресрет на реваншот кој се игра утревечер на „Сантијаго Бернабеу“, со почеток во 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Муарем Бајрами уште две години на клупата на Македонија ЃП

Тренерот на македонскиот прволигаш Македонија ЃП, Муарем Бајрами, ја продолжи соработката и за следните две години. После освоениот пехар во Купот, раководството на Македонија ЃП одлучи да му даде нов двегодишен договор на Бајрами.
Тој во октомври минатата сезона ја презеде екипата од Александар Таневски, а претходно равотеше како негов асистент.
Македонија ЃП во првенството се пласираше на четвртата позиција.
Спорт
Младата селекција до 21 година на собир: Дуели против Ерменија и против Украина

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел „Парк“ го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, младата селекција на Македонија ќе одигра меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Спорт
Мане ја откри големата тајна: Бев пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Садио Мане е на пресвртница во кариерата, бидејќи Баерн Минхен цврсто реши да го доведе, а од друга страна, Ливерпул не сака да ја надмине границата околу финансиските приходи на Сенегалецот.
Германските медиуми најавуваат дека преселбата во Баерн би била логичен чекор за 30-годишниот африкански фудбалер кој летото 2016 година од Саутемптон се пресели во Ливерпул.
Мане одигра извонредно во сезоната 2015/2016, втора во дресот на „светците“, а амбициозниот Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе, но крилниот напаѓач сепак се реши за Ливерпул.
„Бев многу блиску до Јунајтед. Договорот веќе го имав подготвен и условите постигнати. Се беше подготвено, но наместо тоа, пресеков и решив да се преселам во Ливерпул. Бев убеден во проектот на Клоп“, изјави Мане во интервју за британски „Телеграф“.