Спорт
Илчо Ѓорѓиоски: Судиите имаат тенденција да наштетат на едни, за да заштитат други клубови

Брегалница ремизираше (1:1) против Македонија ЃП на дуелот во Ѓорче Петров во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. Домаќините израмнија од пенал во 78. минута, а Судиската комисија на ФФМ во својата анализа оцени дека „проценката на судијата за досуден удар од 11 метри е исправна“.
Ова испровоцира реакција од шефот на стручниот штаб на Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, кој истакнува дека токму таквиот однос од страна на Судиската комисија само дополнително го подгрева револтот и сомнежите за тенденциозност во бројните судиски грешки кои оваа пролет го товарат македонскиот фудбал.
„Сакам да биде јасно дека ниту Брегалница ниту лично јас апсолутно никогаш досега не сме коментирале судење. И така ќе беше веројатно и после вчерашниот натпревар во Ѓорче Петров, да не беше онаа смешна кратка анализа од страна на Судиската комисија која само го проширува просторот за констатација дека свесно и тенденциозно се штитат погрешни судиски одлуки, во полза на одредени а на штета на други клубови. И сега веќе се поставува прашањето, како судиската комисија дава оценка (Ренова) пред и контролорот да даде оценка на судењето и дали со тоа се прави притисок на контролорите и судиите. Веќе неизбежно прашање е и како некои судии судат речиси на секој втор натпревар на одредени клубови, а ги има бројни примери. Дали одредени клубови сами си ги бираат судиите?“ – вели Илчо Ѓорѓиоски.
Од стручниот штаб на Брегалница, нагласуваат дека последниот случај во Ѓорче Петров на штета на клубот, е само еден од низата оваа пролет за кои претходно никогаш не сакаа да реагираат.
„Токму таквиот сега веќе очигледно инструиран однос на Судиската комисија не испровоцира да ги издвоиме сите судиски грешки оваа пролет кои директно влијаеја на резултатите на Брегалница. Ќе повторам, ние грешките прво ги бараме кај нас и не сакајќи да бараме алиби. Не реагиравме досега, но ова ја мина секоја граница. Поништен чист гол за Брегалница на првиот натпревар со Ренова, недосуден очигледен пенал против Пелистер во Битола за кој и домаќините сами беа свесни дека е удар од 11 метри, жолт картон за Мојсов против Ренова во ситуација во која апсолутно нема ниту прекршок, а потоа добива и втор жолт (оправдан), но имаме незаслужено исклучување. На истиот меч исклучен е Додев поради наводен обид за глума на прекршок, во ситуација кога има контакт. Се се тоа грешки кои Брегалница ја чинат најмалку 9 бода, и кои во многу нешта ќе ја променеа ситуацијата во шампионатот“ – истакнува Ѓорѓиоски, според кого сите овие случувања иницираат револт кај сопствениците на клубовите кои се прашуваат дали вреди да се издвојуваат средства за фудбалот.
„И по реакциите на голем број клубови оваа пролет очигледно е дека со овој начин на работа се откажуваат и потенцијалните вложувачи во клубовите, и се демотивираат и оние малку кои вложуваат. Се прашува ли некој зошто реагираат инвеститорите од Тиквеш, Вардар, Пелистер? Се запрашал ли некој зошто се намалуваат вложувањата во Академија Пандев? Во времето кога бев на чело на ФФМ, Вардар и Шкендија беа со највисоки буџети на еден клуб воопшто во историјата на македонскиот фудбал, и со силни успеси во Европа. Сега со намалени вложувања и буџети во Шкендија, со избркани инвеститори од Вардар…, се запрашал ли некој зошто е тоа така? Пред почетокот на последните неколку сезони гласно се зборуваше кој на која позиција ќе заврши во првенството, кој со шампионска титула кој со излез во Европа. И видете ‘чудо’, се тоа се оствари. И за следната сезона веќе е во оптек изгледот на табелата. Затоа се поставува прашањето дали клупскиот фудбал стана приватна забава на 3-4 клуба кои имаат отворена поддршка од ФФМ“ – вели Илчо Ѓорѓиоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Донарума во солзи, ужасна повреда на Мусијала

Првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство во Атланта помеѓу ПСЖ и Баерн ја обележа ужасната повреда на Џамал Мусијала.
Третиот четвртфинален натпревар на Светското клупско првенство, кое се игра во Атланта, во најавата изгледаше како вистински фудбалски спектакл, а дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ги оправда очекувањата, барем до крајот на првото полувреме.
Пачо прво го блокираше Џамал Мусијала, а потоа интервенираше Џанлуиџи Донарума. Голманот на Италија успеа да ја фати топката во обид да стигне до топката, но во таа прилика незгодно го закачи и германскиот репрезентативец.
Мусијала остана да лежи на тревата во болки, а медицинскиот тим веднаш се упати кон теренот за да му помогне. Впчаток е дека станува збор за фрактура на зглобот.
Así le quedó el tobillo a Musiala. No se puede creer! pic.twitter.com/KiiuAaQHHW
— Mateo Aymard (@Mateoaymard) July 5, 2025
Донарума брзо ја сфати сериозноста на ситуацијата – се фати за главата и го „закопа“ лицето во дресот, видливо потресен од она што се случи.
Heavy emotions for Donnarumma as Musiala appears to have suffered a serious injury 🤕 pic.twitter.com/CvbzmFHDCU
— 433 (@433) July 5, 2025
Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL