Спорт
Начевски и Николов ќе го судат првото полу-финале на ЕП

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат еден од двата полу-финални натпревари на Европското првенство во ракомет.
Начевски и Николов, од страна на ЕХФ, се делегирани да ја делат правдата во првото полу-финале, во кое ќе играат бранителот на трофејот Шпанија и светскиот првак Данска. Натпреварот ќе започне во 18 часот.
Второто полу-финале, кое ќе започне од 20.30 часот, а во кое ќе играат Шведска и Франција, ќе го судат Словенците, Скок и Лах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Томас Милер се сели во Канада

Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер има нов клуб.
Милер, на крајот од сезната по 25 години го напушти Баерн. Кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, во екипата на Ванкувер Вајткепс, објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Тој потпиша двегодишен договор со канадскиот тим.
Германецот одигра дури 756 натпревари во дресот на Баерн, а дебитираше во 2008 година.
Фото/ Принскрин
Спорт
Двократна олимписка шампионка настрада во Пакистан

Поранешната репрезентативка на германија во бијатлон, Лаура Далмаер, двократна олимписка шампионка во 2018 година, настрада во тешка несреќа на планина во Пакистан, а нејзиниот тим изјави дека се плаши од најлошото.
Таа беше пронајдена од спасувачите, кои ја забележаа со хеликоптер, но сè уште не беа во можност да ја достигнат, додека 31-годишната жена „не покажува знаци на живот“, објави тимот на Инстаграм.
Далмаер отиде на планинарска експедиција на врвот на Лаила, планина во планините Каракорам со врвови повисоки од 6000 метри, и се чини дека Германката загинала при пад на карпа.
Несреќата се случила во понеделник напладне на надморска височина од околу 5.700 метри.
„Поради многу изолираната област, хеликоптерот за спасување не можеше да пристигне на местото на настанот до вторник наутро, а меѓународниот тим за спасување во планините моментално го координира спасувањето“, потврди нејзиниот тим.
Кралицата на Светското првенство во Хохфилзен во 2017 година, со дури пет титули и еден сребрен медал во шест дисциплини, Лаура Далмаер освои злато во спринт и потера, како и бронза во поединечна трка, на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг.
За време на нејзината најдобра сезона на Светското првенство 2016/17, Баварката го освои и големиот Кристален глобус за вкупен пласман.
По Пјонгчанг, таа ја заврши кариерата во 2019 година, на 25-годишна возраст.
Освен нејзината улога како експерт за телевизијата ZDF за време на Светското првенство во биатлон, Далмаер подоцна стана планинар. Во ноември, станувајќи сертифициран планински и скијачки водич, таа се искачи на врвот Ама Даблам на Хималаите во Непал, поставувајќи рекорд за брзина за време на искачувањето.
Спорт
Реал Мадрид има нова „десетка“

Килијан Мбапе (26) ќе го носи бројот 10 во Реал следната сезона, потврди клубот на социјалните мрежи. Шпанските медиуми објавија дека францускиот напаѓач ќе го наследи бројот на хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ (39), кој го напушти клубот ова лето и потпиша за Милан.
Според информациите од шпанските новинари, одлуката е донесена поради огромното маркетиншко влијание што го носи француската суперѕвезда.
Раководството верува дека дресот со број 10, еден од најпрепознатливите во историјата на Реал, е идеален за играч од калибарот на Мбапе.
Арда Ѓулер, турскиот играч од средниот ред кој ги подгреа гласините со објавувањето на дресот на Модриќ на социјалните мрежи, ќе продолжи да го носи бројот 15.
Мбапе е најголемата ѕвезда на Реал. Тој дојде во клубот минатото лето од ПСЖ и во својата прва сезона имаше 44 гола и пет асистенции во 59 настапи.
Неговиот договор е важечки до летото 2029 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 180 милиони евра.
Foto/ „X“