Спорт
Надал го надигра Медведев во Акапулко
Рафаел Надал уште еднаш го надигра Данил Медведев. По триумфот во финалето на Австралија опен, Шпанецот го победи Медведев и во полу-финалето на турнирот во Акапулко.
Надал славеше над рускиот тенисер во два сета со 6/3, 6/3. Реализацијата на брејк топките го реши победникот во овој меч. Надал два пати му го одзеде сервисот на Медведев, додека тој не успеа да искористи ниту една од седумтте брејк топки што ги имаше во мечот.
Противник на Надал во финалето ќе му биде Камерон Нори. Британецот, во второто полу-финале го победи Гркот Стефанос Циципас со 6/4, 6/4.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија ја победи Гвинеја, носи еден бод во главната фаза
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонија не импресионира со играта но ја опрвада фавористската улога и ја совлада Гвинеја со 29:20 (14:10). Македонија избори пласман во главната фаза, во дуелите со Франција, Катар и Австрија ќе влезе со еден бод.
Македонија се мачеше со објективно полабиот противник во првите 20 минути. Првиот гол Македонија го постигна во четвртата минута, до 20.минута момците на лазаров делуваа конфузно во нападот, лесно продава топки и промашуваа зицери и по 20 минути игра резултатот беше 7:7.
Благодарение на голманот Кузиќ кој врза четири одбрани Македонија се одлепи на 13:8 и тука практично го реши натпреварот.
Добриот старт на вториот дел и овозможи комотна предност на Македонија, но победа со поголема разлика не дозоволи голманот на Гвинеја, Пјер, кој беше најдобар во неговата селекција со 16 одбрани.
Македонија ја предводеа капитенот Кузмановски со 12 голови (вкупни 31 досега на турнирот) и голманот Кизиќ со 15 интервенции.
Спорт
Лопетеги во преговори со Фудбалскиот сојуз на Белгија
Шпанецот Хулен Лопетеги е во преговори со Фудбалскиот сојуз на Белгија за селекторската функција, објавија во неделата белгиските медиуми. Тој е без работа откако го напушти Вест Хем на 8 јануари. Белгискиот фудбалски сојуз минатата недела го отпушти Доменико Тедеско по разочарувачките резултати во последните две сезони.
Лопетеги (58) е едно од имињата кои најчесто се споменуваат како наследник на Тедеско, заедно со Французинот Тиери Анри.
Помеѓу септември 2016 и јуни 2018 година, Лопетеги имаше 20 натпревари без пораз на чело на шпанската репрезентација.
Иако Шпанија под негово водство се квалификуваше за Светското првенство во 2018 година, тој таму не ја водеше Ла Роха. Имено, на неколку дена пред почетокот на турнирот, поради најавата за трансфер во Реал Мадрид по завршувањето на Светското првенство, Лопетеги беше разрешен и на негово место дојде Фернандо Јеро.
Тој по 14 натпревари доби отказ од Реал Мадрид и се врати во Севилја со која ја освои Лигата на Европа 2019/2020 година. Во изминатите две сезони, работеше во Премиер лигата, каде прво беше тренер на Вулверхемптон, а потоа и на Вест Хем.
Спорт
(Видео) Брајтон победи на „Олд Трафорд“, нов пораз на Тотенхем, Форест победи и се изедначи со Арсенал
Манчестер јунајтед доживеа нов пораз на домашен терен во Премиер лигата. Попладнево на „Олд Трафорд“ Брајтон го победи Јунајтед со 3:1 „Црвените ѓаволи“ во 22.коло го забележаа десеттиот пораз во првенство. На последните четири натпревари, Манчестер јунајтед доживеа четири порази, три од нив на „Олд Трафорд“.
Култниот стадион „Олд Трафорд“ некогаш беше неосвоива тврдина за противниците. Тоа беше во минатото, во ерата на сер Алекс фергусон. Сегашноста е сурова, во еден месец Јунајтед три пати загуби на домашен терен. По Борнмут и Њуласл, бодовите од Манчестер ги однесе и Брајтон.
„Галебите“ во последните сезони се вистински пеницилин за Јунајтед, ја забележаа третата последовна победа на „Олд Трафорд, славеа против „црвените ѓаволи“ на шест од последните седум натпревари.
Дека на Јунајтед лошо му се пишуав најави Минте во петтата минута. Брун фернандеш изедначи во 23. и со 1.1 се замина на полувреме.
Во вториот дел ВАР му поништи гол на Жоао Педро, но Брајтон сепак дојде до предност со голот на Митома. Крилниот напаѓач стана најефикасниот Јапонец во историјата на Премиер лигата. Против Јунајтед го постигна својот 15. гол.
Точка на натпреварот стави Жоржињо Рутер во 76,минута. Бразилецот не пропушти да го искористи подарокот по лошата интервенција на Андре Онана.
Важна победа во борбата за опстанок забележаа фудбалерите на Евертон. Со повратникот во клубот, менаџерот Дејвид Мојс, „карамелите“ го победија Тотенхем со 3.2. Тотенхем е во сериозна криза, нема победа на последните пет натпревари, на кои четири пати загуби. Нема да биде изненадување доколку менаџерот Ангелос Постекоглу добие отказ.
Евертон одигра фуриозно во првиот дел, ги казни сите грешки на противникот. Јалверт-Лувин во 13. и Ндиај во 30.минута постигнаа прекрасно голови, а Греј во седмата минута од судиското надополнување зголеми на 3:0
Во вториот дел Тотенхем пристискаше, но не успеа да дојде барем до бод. Спарс постигнаа два гола преку Кулушевски и Ришарлисон.
Добрата форма ја потврди Нотигем Форест со победата над Саутемптон 3:2. Форест со овој триумф се изедначија со Арсенал на второто место на табелата.