Спорт
Надал го „преживеа“ тешкото прво коло на Вимблдон

Освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули, Рафаел Надал немаше најдобар старт на Вимблдон, откако пристојно се намачи за да стигне до 6:4/6:3/3:6/6:4 победа над светскиот број 41., Аргентинецот Франциско Серундоло.
Надал, кој долго време беше неизвесен за гренд слемот во Лондон поради повредата на стапалото, започна одлично, освојувајќи ги првите два сета, но потоа дојде падот во играта, што Серундоло го искористи да намали на 2:1, за во четвртиот сет да загуби брејк по маратонскиот трет гем за 2:1 водство на Аргентинецот.
Сепак, како и секогаш, шпанскиот тенисер не се откажа, и направи два брејка во осмиот и десеттиот сет за да го комплетира мечот по 3 часа и 36 минути игра.
Тешко прво коло и камбек имаше и двократната шампионка од турнирот, Чехинката Петра Квитова, на која и беа потребни речиси два часа за со 2:6/6:4/6:2 да ја совлада Италијанката Јасмин Паолини. Симона Халеп, пак, немаше вакви проблеми и со 6:2/6:3 ја „реши“ Чехинката Каролина Мучова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ЛГБТ капитенските ленти повеќе нема да се носат во Премиер лигата

Вести во Премиер лигата на Англија – капитените на тимовите повеќе нема да носат ленти во боите на виножитото на натпреварите. Ова ќе биде крај на традицијата што трае веќе осум години.
Имено, британските медиуми објавија дека Премиер лигата го прекинала партнерството со ЛГБТ+ добротворната организација „Стоунвол“ пред новата сезона.
Како резултат на тоа, виножитната капитенска лента ќе биде прекината како задолжителна опрема на натпреварите од Премиер лигата во одредени натпревари и периоди од сезоната.
Шарените ленти им пречеа на некои играчи.
🚨BREAKING NEWS: The Premier League have announced they are banning rainbow laces and rainbow captains armbands for the upcoming season, stating that the initiative was causing more controversy than it has delivering a positive message. pic.twitter.com/rA4qSkPDji
— Football Factly (@FootballFactly) August 7, 2025
Неколку од нив протестираа против ваквите ленти во изминатите сезони и одбиваа да ги носат, меѓу нив беше и поранешниот репрезентативец на БиХ, Анел Ахмедхоџиќ, кога беше капитен на Шефилд Јунајтед.
Минатата сезона, капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи, протестираше и на лентата напиша порака: „Исус ве сака“.
Според британскиот „Телеграф“, одлуката за укинување на лентите е донесена на состанок одржан вчера со сите 20 капитени на клубовите.
Новата сезона на Премиер лигата започнува за точно седум дена со натпреварот помеѓу шампионите Ливерпул и Борнмут.
Фото/Принтскрин
Спорт
Соиграчот на Миовски се сели во Наполи

Соиграчот на Бојан Миовски во Џирона, Мигел Гутиерез наскоро ќе стане нов играч на Наполи
Како што објави „Скај Спорт“, преговорите се завршени и сè што останува е да се договорат последните детали со играчот, кој веќе дал согласност да се пресели во Наполи во трансфер вреден околу 20 милиони евра.
Гутиерез се пресели во Џирона од Реал Мадрид во 2022 година, а „кралскиот клуб“ задржа процент од клаузулата за идна продажба, што значи дека ќе заработи и дел од понудата на Наполи.
Откако пристигна во Каталонија, Гутиерез има одиграно 111 натпревари во сите натпреварувања. Беше избран во тимот на сезоната во Ла Лига за 2023/24, кога Џирона беше апсолутен хит и го освои третото место.
24-годишникот беше и член на шпанската репрезентација која го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Foto/ EPA/DAVID BORRAT
Спорт
Проблем за Барселона – Роберт Левандовски се повреди

Роберт Левандовски го повреди мускулот на левата нога и е под знак прашалник за почетокот на сезоната, објави Барселона на својата веб-страница.
„Роберт Левандовски страда од болка во феморисниот мускул на левата нога“, објави Барса, без да прецизира колку долго ќе отсуствува полскиот напаѓач.
36-годишниот напаѓач ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Комо во недела и е под знак прашалник за првиот натпревар од Ла Лига.
Барселона одбраната на титулата че ја започне против Мајорка на 16 август.
Минатата сезона, Левандовски беше втор стрелец во шпанското првенство со 27 гола во 34 одиграни натпревари. Само Килијан Мбапе (Реал Мадрид, 31 гол) постигна повеќе од него, додека Анте Будимир (Осасуна, 21) беше трет.
Вкупно, полскиот напаѓач одигра 52 натпревари за Барселона минатата сезона и постигна 42 гола.
За каталонскиот клуб постигна 101 гол и 20 асистенции во 147 натпревари. Тој пристигна во Барса во 2022 година по осум триумфални години во Баерн. Со германскиот гигант, тој беше осумкратен шампион на Бундеслигата и победник на Лигата на шампионите, и постигна 344 гола во 375 натпревари.
Foto/ EPA/ALEJANDRO GARCIA