Спорт
Надал очекува „апсолутна офанзива“ од Федерер
Рафаел Надал вели дека е подготвен да го изддржи апсолутниот напад на Роџер Федерер кога двајцата ќе се сретнат во утрешното полуфинале на Ролан Гарос првпат по осум години на славните француски терени.
Иако Федерер ги доби последните пет дуели во ривалството од 38 меча, ниту една од тие победи не беше остварена на земја, омилената подлога на Надал. Во претходните пет дуели на Ролан Гарос, од кои четири беа финалиња, Федерер никогаш не освоил повеќе од еден сет.
Надал, кој оди на рекордна 12-та титула во Париз, вели дека историјата не е важна и очекува апсолутна офанзива од Швајцарецот по лесниот пласман во полуфиналето.
„Нема два исти меча со Роџер. Секогаш се обидувам да направам нешто. Да видиме што ќе се случи. Но, очекувам да игра агресивно, да го менува ритамот, да излегува на мрежа. Тоа е моето чувство. Игра добро и има тенис да ме победи, така што морам да бидам цврст. Да бидам доволно силен за да не му дозволам да прави работи од добри позиции“, вели Надал пред тениското „Ел класико“.
Федерер оди на втора титула на Ролан Гарос, 10 години откако го победи Робин Содерлинг во финалето, и досега има загубено само еден сет откако претходно ги пропушти последните три изданија на Ролан Гарос.
„За мене да стигнам до Рафа никогаш не било едноставно. Беа потребни пет меча да стигнам дотука. Затоа сум среќен што играм со Рафа – кога сакаш да оствариш нешто на земја, некогаш ќе мораш да играш со него. Знаев дека тоа е можно кога се вратив тука“, вели Федерер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Само легендарните Брајан Клаф и Алекс Фергусон се пред Гвардиола
Манчестер Сити на Пеп Гвардиола не знае за пораз на последните 30 натпревари.
Во ерата на Премиер лигата, само Манчестер Јунајтед на Алекс Фергусон имаше подолга серија без пораз во една сезона во сите натпреварувања.
Граѓаните, синоќа убедливо го победија Брајтон на гости со 4:0 и тоа им беше јубилеен 30-ти последователен натпревар без пораз сезонава. Во оваа серија остварија 24 победи.
Од формирањето на Премиер лигата, само на Манчестер Јунајтед имале подолги серии. Во сезоната 1993/94 имале серија од 34 натпревари, а еден натпревар помалку во сезоната 1998/99.
Последен тим што ги победи „граѓаните“ сезонава (без изведување пенали) беше Астон Вила на 6 декември на „Вила Парк“ (1:0).
Најдолгата серија во историјата на англискиот фудбал ја има Нотингем Форест предводен од легендарниот Брајан Клаф, кога во историската 1978 година нанижа 40 натпревари без пораз во сите натпреварувања.
Спорт
(Видео) Јокиќ и Денвер победија во Лос Анџелес, Ембид постигна 50 поени во важната победа на Филаделфија
Актуелните шампиони Дебвер Нагетс победа ги дели од пласман во конференциското полугинале. Нагетс поведоа со 3-0 во серијата против Лос Анџелес Лејкерс. Третиот печ, на теренот на пртивникот го добија со 112:105. На Истокот, Филалделфија Севентисиксерс го намали резултатот во серијата против Њујорк Никс на 2-11, a Орландо Меџик повеоа со 3-0 против Кливленд Кавалирс. Филалделфија победи во третиот натпревар со 125:114, а Орландо со 121:83.
Никола Јокиќ одигра одличен натпревар, забележа 24 поени, 15 скока и девет асистенции. Јокиќ шутираше 9/13 од поле, а 6/7 од линијата за слободни фрлања.
Покрај Јокиќ, уште тројца играчи на Денвер имаа 20+ поени. Гордон постигна 29, Мареј 22, а Портер Јуниор 20 поени.
Во поразениот тим Дејвис беше најефикасен со 33 поени и15 скока, додека Џејмс заврши со 26 поени и девет асистенции. Целосно потфрли Дианџело Расел кој мечот го заврши со нула поени.
Џоел Ембид, актуелниот МВП на лигата, одигра одличен натпревар постига 50 поени, со 13-19 од поле и дури 19-21 од линијата за слободни фрлања. Ембид имаше и осум скока, четири асистенции и блокада, тимот со него на теренот имаше +16. Тајрис Макси беше одличен со 25 поени и седум асистенции, Оубре постигна 15, а Пејн 11 поени.
Во поразениот тим Џејлен Бренсон постигна 39 поени, Харт го следеше со 20, Ануноби постигна 17, а Хартенштајн 14 поени.
Орландо се на чекор до полуфиналето на Истокот. До убедливата победа над Кливленд ги предводеа Банкеро со 31 поен и 14 скокови, Сугс со 26 и Вагнер со 16 поени. Ален и Леверт постигнаа по 15 поени за Кливленд, додека Мичел мечот го заврши со 13 поени.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.